Kuchevishte.sluzba20.jpg

с. Кушевиште, 12-ти јули, лето Господово 2013- по  Божествената Литургија

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

 Kuchevishte.sluzba20.jpg

Северно од главниот град на Република Македонија, на падините на Скопска Црна Гора во селото Кучевиште, во 1327 година, изградено е православно светилиште посветено  на празникот Воведение Богородичино, денес познато под името Св. Спас.  Поподоцна  во 1501, под  тешките бремиња на  османлиското царство, додадено е  "тајно" места за богослужба- параклис посветен на св. Никола- "црквичка  во црква" со тајни внатрешни, денес надворешно пристапни  скали. Османлиите, како што ни раскажа отец Звонко, ја  контролирале долната црква, но во овој црковен бисер, се одржувале тајни  редовни богослужби. Во кучевишката  “црква  во црква” со релативно големи оштетувања, сочувани се импресивни фрескоживописни композиции.

Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

Kuchevishte.sluzba20.jpg

    Kuchevishte.sluzba20.jpg

 Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

 

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

с. Кучевиште- манастир св. Архангел Михаил

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

 Во непосредна близина  на Свети Спас, над с. Кучевиште, заедно со отец Звонко накратко го посетивме  манастир Св. Архангел Гаврил. Народот беседи и  велат, дека манастирската црква била изградена покрај светата река во времето на кралот Марко. Научните факти укажуваат на тоа дека црквата била подигната во периодот помеѓу Маричката (1371) и Косовската битка (1389) . Нејзиниот план во форма на тролист со доминантна купола е  потсетување на светогорските цркви. Нејзината градителска техника, позната како клоазон, претставува најрепрезентативен средновековен градежен опус, карактеристичен само за најелитните донации.

   Kuchevishte.sluzba20.jpg

 Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

  Kuchevishte.sluzba20.jpg

 „Целиот источен ѕид е посветен на Страшниот суд, каде што на страната на грешниците, се наоѓа и Александар Велики, поставен на клупа меѓу други пагански владетели, како и група османски господари со фесови на главите. На дното на импресивната претстава на пеколот како огнена река, се наоѓа црниот Сатана, кој во рацете го држи грешниот Јуда. На спротивниот ѕид, на запад, се наоѓа ликовната интерпретација на семејното стебло на Христос. Ова родословје насликано на 25 квадрати има вкупно 110 сцени и фигури, меѓу кои и оние на Сократ, Платон, Аристотел и Плутарх, чијашто безвремена мудрост е преттеча на старозаветните мудреци, кои се роднини на Христос. Во овој спектакуларен обем Лозата на Христос е единствена во централно-балканскиот простор. “

 Kuchevishte.sluzba20.jpg

        Преминпортал (к.т.)

 Kuchevishte.sluzba20.jpg

21-ти јули, лето Господово 2013

 

Друго: