Децата се запознаваат со Православната вера,традицијата и обичаите

Во просториите на МПЦО-,,Св.Наум Охридски’‘ во Виена се одржа третиот час од циклусот часови по веронаука за деца.Дваесетина деца на возраст од 4 до 10 години се дел од одделението кое активно учествуваат на часовите. Часовите ги води Отец Валентин кој на децата им ги доближува вредностите на Православната вера, запознавање со Македонската традиција култура и обичаи.

- Ваквите часови за децата се една скала погоре кон придобивањето на Царството Небесно,со тоа го зголемуваме напредокот и вреднувањето на нашата Православна вера.Имајќи во предвид колку сме далеку од нашата татковина а со тоа и од нашата култура,традиција и обичаи.Неопходно е децата да знаат да ги практикуваат добрите дела, кои што се еден вид храна за душата,и за нормален, поточно кажано Богоугоден живот. (истакнува Отец Валентин), kој смета дека со ваква младина,со вакви деца и генерации нема потреба да стравуваме за иднината на Македонската православна црква и нација.



На часовите по веронаука најважна цел е децата да ја откријат вистината за Бога и вистината за човекот како личност или како што не поучува Св.Атанасиј Велики:,,Бог стана човек за човекот да стане бог.’‘.(истакнува Отец Валентин)



Настојуваме да одржиме што повеќе часови,но не онака, фигуративно. Затоа што целта на секој час е она што го учиме да остане врежано во срцата на децата.Доколку предадената материја од претходниот час не е добро совладана,не се задлабочуваме со нови теми. Но Слава на Бога,согледав голем интерес и интелегентни генерации кои секоја информација ја впиваат брзо и лесно,но исто така се жедни и што повеќе да научат.Од час во час децата разбираат дека животот не е бесмислен,а тоа е наша цел-потенцира Отец Валентин.


На часовите во просториите на МПЦО-,,Св.Наум Охридски’‘ на Сиеменсстрассе 26, 1210 Виена, учествуваат деца од 4 па до 9-10 годишна возраст. Но вратите од Македонското катче во Австриската престолнина се отворени за сите заинтересирани без разлика на возраста.

М.П.

Извор: http://naumohridski.at/?p=3279

23-ти јуни, лето Господово 2013