Погребение на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил (14.06.2013)




Митрополитот Полошко-кумановски Кирил денеска беше погребан во манастирот на свети Георгиј во кумановско Дељадровце. Претходно на соборниот храм на свети  Климент Охридски во Скопје, во присуство на сите архиереи и претставници на епархиите на МПЦ – ОА, се отслужи опелото на блаженоупокоениот Митрополитот Полошко-кумановски Кирил.

Бог да го прости, нека му е вечен споменот!

 

Ивор:  http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=5681

Друго;

 Погребан митрополитот Кирил во манастирот Св. Ѓорѓи во Дељадровци
Клирот на Македонската православна црква и граѓаните се простија од митрополитот Кирил.
 
Црковниот двор во манастирот свети Ѓорѓи, во Дељадровци, беше претесен да ги собере сите  што дојдоа да се збогуваат за последнен пат со владиката, кој почина во вторникот на 79 години.
 
Неговите соработници ќе паметат како извонреден и посветен митрополит, кој оставил трага во сите епархии каде што работел.
 
Владиката беше погребан во присуство на поглаварот на МПЦ, г.г. Сефан и уште неколкумина великодостојници, а меѓу граѓаните што дојдоа да му оддат последна почит, беа и неколкумина од бизнис елитата во земјава - Штерјо Наков, Хари Костов, Свето Јаневски, Савка Димитрова.
 
Пред телото на починатиот Митополит да биде пренесено на местото на негово вечно почивалиште, кое самиот го одбрал пред смртта, опело со кое чиноначалствуваше Архиепископот се одржа во скопскиот Соборен храм. Пред целиот државно-владин врв, свештеството и верници, г.г. Стефан се збогуваше од г. Кирил, со зборовите „Си отиде без најава, без да речеш збогум".
 
Митрополитот Кирил беше последниот жив великодостојник што присуствувал на собирот на македонските архиереи во 1967 година, кога е возобновена автономијата на Македонската православна црква. Поради неговата смрт, црковните и државни знамиња во сите храмови на МПЦ во земјава и странство веќе трет ден се на половина копје, а денешниот ден е прогласен за ден на жалост.
 
Со Полошко-кумановската епархија, со која досега управуваше г. Кирил, во следниот период ќе управува архиепископот г.г. Стефан, со помош на викарниот епископ Јосиф Лешочки.

  Извор: http://24vesti.mk/pogreban-mitropolitot-kiril-vo-manastirot-sv-gjorgji-vo-deljadrovci