Ivica.Sv.Pismo.jpg

СЕДМИЦА НА СВЕТОТО ПИСМО (ден 3)
За православното прифаќање, исповедање и практикување на Откровението Божјо

Ivica.Sv.Pismo.jpg

Ivica.Sv.Pismo.jpg

Ivica.Sv.Pismo.jpg

Третата година по ред се одржува седмицата посветена на Светото Писмо. Во рамките на седмица, на 12.06.2013 во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржа трибина на тема: „ Откровението и науката - прв дел. Воведничари беа д-р Даниела Велеска Стефковска; м-р Томче Ширков и презвитер Ивица Тодоров.

Во отворањето на трибината, презвитер Ивица Тодоров истакна дека современата наука се приближува до ставовите на Откровението Божјо. Откровението е систем на знаење кое човекот со своите ограничени можности не е во состојба да ги восприми. При тоа треба да се подсетиме дека науката открива нешто што пред тоа постоело но било од разни причини скриено за нашите сетила.

Современите генетика и молекуларна биологија покажуваат дека клетките меѓу себе комуницираат. Веќе и со експерименти се покажува дека молитвата влијае на здравствената состојба на пациентот но под услов пациентот да верува во моќта на молитвата.

Отворено е прашањето за профилот на современиот научник и интелектуалец. само до пред неколку векови тие имале универзални познавања, а научната вистина представувала суштина на нивното постоење. Денес доминираат тесни специјалности, ангажман во работно време и за плата што често се искривоколчува во идеологизиран научник во служба на некоја организирана моќ.

Во дискусиите се размислуваше за:

-    таинственоста на вдахновението на творците во науката и уметноста преку инспирација со Светиот Дух;
-     антрополошката медицина која ја проучува духовната димензија на човекот, растројствата кои таму настануваат и методите за исцелување;
-    Нашиот Господ Исус Христос покажал дека ги познавал природните закони (физикални, биолошки, морални итн.) и умешно ги користел творејќи она што ние со нашите ограничени сознанија го нарекуваме чудеса.

 

  Ivica.Sv.Pismo.jpg

  Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

 Ivica.Sv.Pismo.jpg

 

За Преминпортал: Ратислав Кардалев