Болката, грижата, стравувањата, трагедијата на душата се резултати на човечкиот пад, до кој дошло заради човековото самољубие. „Испарувањето“ на егото раѓа грижи во душата, додека природната состојба на човекот е радост, зашто Бог е радост, а душата е здив Божји, Он ја створил и она кон Него оди. Заради тоа, грижата му е туѓа на човечкиот живот и за неа не постои никакво оправдување.


Но денес, не може да се најде радосен човек, што значи и дека не може да се најде врамнотежен, мирен, природен човек. Грижата е страшна болест која беснее во вселената, можеби и најголемата мака на човештвото, најголемата негова драма. Таа не само што е предворјето на пеколот, туку доживување на пеколот уште во овој живот.
Отсуството на радоста значи отсуство на Бога, додека радоста е доказ за присуството Негово. Ако некој човек од овој свет, испратен на привремено, се радува на страстите, минливи и залудни, тој можеби и има некаква наслада, некое задоволство, но всушност, ако малку обратиме внимание, ќе видиме дека во неговиот живот има неволји и грижи, како што ни вели и Светото Писмо ни кажува: "Неволја и тага во душата на секој кој прави зло“, како што не е возможно со исполнувањето на законот Божји да постои грижа.
Радоста е нешто ретко, но тоа не значи дека таа е и нешто големо: таа е природна, како што е и природно човекот да гледа. Некој кој е слеп може да каже: „О! Ти гледаш?“ Така, кога некој е радосен, останатите се чудат и го прашуваат: „Радосен си?“ - зашто, одрекувајќи се од Бога во својот секојдневен живот, сме се навикнале на тага, лага, грев, на темната потсвест на човечкото суштество. Според тоа, радоста не е нешто ново. Таа е еден елемент кој нам ни помага во духовниот живот.


(Повеќе)