sveki1.jpgПосадувајќи го виноградот и повикувајќи ги пратените, Спасителот е близу. Дојдете сите кои се стремите постот да го одржите, да се радуваме на платата зашто Оној Кој дава е богат и полн со штедрост. Потрудувајќи се малку, да ја примиме во душата Неговата милост.

Вечерна, четврта седмица од постот

Поуки на светите отци: Биди ревносен во душата своја, а никако тоа не го искажувај со телото, ниту со изгледот, ниту со слово, ниту со какво загадочно однесување. Па и тоа прави го, но тогаш кога си престанал да го потценуваш ближниот.
Свети Јован Лествичник

Молитва:
Боже, Отче наш, помилуј нè слабите во делата и должностите кои ги вршиме, трудејќи се во Твојот виноград. Дај ни ја потребната вера, смирение и неизмерна љубов да Ти служиме со трпение, истрајност во вистината и христијанска љубов. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Исаија 28, 14-22
Битие 10, 32; 11, 1-9
Соломонови Изреки 13, 19-25; 14, 1-6

Созерцание: Кој оди право, се плаши од Господа, а кој е расипан во патиштата свои, Го презира.
Соломонови Изреки 14, 2

Подготви:А.Л.



Evangelie.Hristos.jpg

 


Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 39)

Во она време беше болен некој си Лазар, од Витанија, од местото на Марија и нејзината сестра Марта. А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса. Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.” Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа. А Исус ја сакаше Марта, и сестрата нејзина, и Лазара. А кога чу дека е болен, тогаш остана два дена во местото, каде што се наоѓаше. Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!” Учениците Му рекоа: „Рави, сега сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?” Исус одговори: „Нели дванаесет часови има во денот? Кој оди дење, не се сопиња, зашто ја гледа светлината на овој свет; а кој оди ноќе, се сопиња, оти нема светлина во него.” Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.” Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.” Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. Тогаш рече Исус отворено: „Лазар умре. Но се радувам заради вас, зашто не бев таму, та да поверувате - туку, да отидеме при него.” Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.” Кога дојде Исус, најде, дека тој веќе четири дена е во гроб. А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии; и мнозина Јудејци беа дошле при Марта и Марија да ги утешат за брата им. Кога чу Марта дека иде Исус, излезе пред Него; а Марија седеше дома. Тогаш Марта Му рече на Исуса: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе Ти даде.” Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе воскресне.” Марта Му рече: „3нам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден.” А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?” Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светов.” Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.” Таа кога чу, стана бргу и отиде при Него; оти Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше, каде што Го беше дочекала Марта. Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи оти ќе оди на гробот да плаче. А Марија, штом пристигна таму, каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше Ти овде, немаше да умре брат ми.” Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се возмути, па рече: „Каде сте го положиле?” Му рекоа: „Господи, дојди и види!” Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го милувал.” Некои од нив, пак, велеа: „Не можеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?” А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа. И рече Исус: „Кренете го каменот!” Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; оти четири дена има откако е умрен.” Исус ѝ рече: „Нели ти реков, дека, ако поверуваш, ќе ја видиш славата Божја?” Тогаш го дигнаа каменот, каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благодарам, оти Ме послуша. А Јас знаев дека Ти секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.” Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!” И излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете, а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!” Тогаш мнозина од Јудејците, што беа дошле со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него. А некои од нив отидоа при фарисеите и им рекоа што направи Исус.

 

 

 

 

 

 

 

Друго:

markov.sv.Zlata1.jpgВеликопосни Богослужби (14.02.2010)

sv.efrem.sirin1a.jpg

СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)

+++

Друго:

markov.sv.Zlata1.jpg

sv.efrem.sirin1a.jpg

СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)