
„ Богочовекот Христос се поистоветува и сострадува со секој еден човек на оваа планета, дури и без разлика на неговата вера или друга различност. Затоа Христос вели: „Ако му направите нешто на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми направиле“ (сп. Матеј 25, 40). И затоа нема ништо посвето од човекот. И затоа сите храмови на светот не се повредни од еден човек. И затоа никаква цел не го оправдува насилството над кој било човек. И затоа заради никаков грев (дури и против неа) Црквата не смее да го отфрли и осуди кој било човек. И затоа главниот протест и главната борба што треба да се води во овој свет е пред сè борбата против злото внатре во нас, затоа што тоа го обезбожува човекот. Обезбожувањето е исто што и обезличување, односно отчовечување на човекот. Затоа Црквата, која е место на средба на човекот со Бог, место на исцеление на човекот од злото внатре во него и место на обожение на човекот, ги прегрнува сите и сите ги смета за свои духовни чеда...“
1-ви март, лето Господово 2013