Stefan.Kiril.jpg

   Скопје, 8 декември  2012 год.-Соборен храм на св. Климент Охридски

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

        Goran.sv.Erotej.jpg 

Свети Климент е првиот епископ кој на македонски јазик го проповедал Светото слово во Македонија, а неговата паства, свештениците и верниците биле меѓу најупатените во верата.  Имал посебен стил на проповедање за да проповедта допре  до сите. Свети Климент Охридски е основач на првиот универзитет на Балканот, изграден  на Плаошник во кој се образувале  3.500 ученици. Бил средновековен писател, преведувач педагог. Тој е автор на Панонските легенди кои  важат за најбогат и најавтентичен документ кој ги содржи активностите на светите Кирил и Методиј како негови учители. Денес  се слави  свети Климент, кого Македонската православна црква - охридска архиепископија го чествува како патронен  празник. 

Stefan.Kiril19.jpg

    Тропар на свети Климент Охридски чудотворец

Со зборови си ги упатил народите кои верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кои божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.

    Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

 Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

    Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

     Stefan.Kiril.jpg

      На  08. 12.2012 година, кога  светата Црква молитвено го прославува споменот на  основоположникот на Македонска Православна Црква и  на нашата писменост - свети Климент Охридски Чудотворец, во Соборниот храм во Скопје, кој го носи името на светитлот, во присуство на многуброен верен народ, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан  во сослужение  со  Митрополитот Полошко - кумановски  г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар, Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимопеј,  Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Велички г. Јосиф и  свештенството од  Скопската епархија,  отслужи Божествена Литургија.  Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата  дипломираниот богослов Александар Димитријов беше ракоположен во ѓаконски чин.

  Stefan.Kiril.jpg

За значењето на св. Климент Охридски  чудотворец, беседа  одржа Епископот Хераклејски г. Климент кој меѓу останатото рече: „Низ отворените порти на верата да дозволиме св. Климент да влезе во нашето битие, да навлезе во пределот на нашето секојдневие, да стане наш сопатник низ долината на смртта и страдањата, да се здружиме со него и да ни стане пријател, опитен и кадар за да помогне во преминот од смрт кон живот. Со негови очи да ја погледнеме динамиката на нашата историска драма. Да погледнеме во сопствената животна приказна, да ги видиме лицата на ближните, да погледнеме во очите на нашиот современик, жестоко измачуван за смислата на своето постоење. Да ја видиме слободата на другиот и да ја почитуваме, дури и тогаш кога е насочена против нас. Мирно и достоинствено да ги носиме навредите од нашите непријатели кои неминовно во историјата секогаш ќе ги има“. (извадок)

    Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

  Stefan.Kiril.jpg

          


 

 

  Stefan.Kiril.jpg

Преминпортал (к.т./р.к/а.б.)

Лето Господово 2012