Афирмација на македонистиката во светот

         

Кон јубилејот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
 



Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје годинава го прославува својот 40-годишен јубилеј. Оваа исклучително важна меѓународна манифестација во текот на изминативе години одигра голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега учествувале повеќе од 3000 учесници од над 45 земји меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик по нашите лекторати во светот.

Во вакви пригоди треба да се потсетиме на сите што досега успешно ја водеа оваа важна дејност на нашиот академски живот и придонесоа за воспоставување на богата меѓународна соработка во областа на македонистиката. Директори на Семинарот беа акад. Александар Спасов, акад. Божидар Видоески, проф. д-р Томе Саздов, проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Томислав Тодоровски, проф. д-р Коста Пеев и проф. д-р Максим Каранфиловски, сите од Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје.

повеќе