ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
отец Евстатиј
архиепископ Антиохиски
21 февруари /5 март

Гонење заради правда претрпувајќи
устата твоја замолче – пастиру Христов,
оставајќи го судот на Господа кого ти мажествено го исповедаше,
не плашејќи се од силата на овој свет,
која е немоќна пред вистината на Светлината.
Радувај се оче свети Евстатие и за нас моли се
кои го чевствуваме твојот свет спомен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
отец Георгиј чудотворец
епископ Амастридски
21 февруари / 5 март

Побожноста на духот те приведе на служба Господова,
 свети Георгие пастиру смирен, на секого сѐ постанувајќи,
патот благодатен пред Бога те донесе, Него моли Го свети чудотворче,
Црквата да ја сочува, и нас да нѐ помилува по твоите свети молитви.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 Тропар на преподобниот
отец Тимотеј пустиножител
21 февруари / 5 март

О, девственост света – повикуваше ти
свети Тимотее оче наш преподобен,
о, учителке на чистотата која очи и уши телесни затвораш,
о, врато низ која Духот Свети зборува
и кон безстрастие го води човека,
моли се за нас оче свети
кои низ пустината на искушенијата катаден поминуваме.




Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча Слепче

 
 Тропар на светиот
патријарх Ерусалимски
Захариј
21 февруари / 5 март

Солзите твои свети Захарие,
Бога го умилостивија, молитвите верата во народот ја одржаа,
љубовта кон Христа на Крстот заблеска,
 а Спасителот по твоите молитви надежта не ја унижи.
Радувај се и за нас моли се старче праведни,
малдоста да ја достигнеме, во Царството Небесно.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (05.03.2023)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

Свети Захариј, патријарх Ерусалимски

Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март).

Преподобен Тимотеј

Пустиник на местото наречено Символи на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сѐ до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, па му ја даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.

Izgonuvawe.odrajot.jpg

Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски

Голем ревнител и заштитник на Православието. Како таков особено се истакна на Првиот Вселенски Собор, каде што мудро и разумно го поби учењето на Ариј. Заедно со останатите Свети отци Евстатиј правилно исповедаше дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух. После смртта на Св. цар Константин ариевците повторно некако претегнаа и почнаа немилосрдно да го гонат Православието. Свети Евстатиј беше симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија. Многу и долго страдаше, додека најпосле не Му ја предаде својата света душа на Бога, во 345 година.