ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

 Тропар на светиот преподобен
Ефтимиј Велики
20 јануари / 2 февруари

Глас 4    

 Весели се неродна пустино,

слободно воспевај ти која не боледуваш,     

  зашто чедата тебе ти ги умножи човек со волја духовна.

  Со благочестие ги втемели, 

во воздржание добродетелно воспитувајќи ги,  

ги  приведе кон совршенство,

По неговите молитви Христе Боже,

  смири го нашиот живот.


Извор МПЦ-ОА

 

Тропар на светите
маченици Инен, Рим и Пин
20 јануари / 2 февруари

3.angeli.so.truba

Речната вода послужи за ваше измивање и осветување,
о маченици свети Христови,
и како што нечистотијата телесна се мие,
далеку од вас се однесе секоја скверност на духот и телото,
а мразот покажа дека тоа
за Небесното Царство ќе биде запазено,
за нас сега молете се од незалезниот ден во Вечноста.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (02.02.2024)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар

 

sv.Eftimij.Veliki.jpg

Преподобен Ефтимиј Велики

Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Осветен, Теоктист и др. По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше демони, лечеше од тешки болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше. Монасите ги учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“.

 sv.Eftimij.Veliki.jpg

Во првата недела од Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и богомислие до пред Велигден. За време на неговиот живот во негова близина се создаде огромна лавра, којашто после со векови беше преполна со монаси како кошница со пчели. Неговата последна заповед беше да го чуваат гостољубието во манастирот и манастирската порта никогаш да не биде затворена. Се упокои во деведесет и седмата година од животот. На погребот му беше и ерусалимскиот патријарх Анастасиј. Патријархот чекаше цел ден додека огромната маса народ го целиваше светителот и дури вечерта успеа да го опее. Седмиот ден после смртта Свети Ефтимиј му се јави на својот ученик Дометијан сиот светол и радосен. Преподобен Ефтимиј навистина беше син на светлината. Се упокои во 473 година.

Светите маченици Енен, Нирен и Пен

Се сметаат за први словенски маченици што ги спомнува историјата. Се нарекуваат Скити и ученици на Св. Апостол Андреј. Пострадаа за верата од своите незнабожечки соседи од десната страна на Дунав, близу Варна. Врзани на мразот тие се смрзнаа и се упокоија во Господ.