ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
Христов подвижник
Прохор Пчински
15 јануари/ 28 јануари

3.angeli.so.truba

Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,
Христов ученик да се наречеш,
затоа што светот и неговата прелага ги остави,
и душата своја за Бога ја оневести.
А Он Младенецот со милост те закити,
и со чудотворство те надари,
за да вавек измолуваш спасение,
 за оние кои го повикуваат твоето свето име,
а Христа го прославуваат припаѓајќи при твоите свети мошти.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
Христов подвижник
Гаврил Лесновски
15 јануари / 28 јануари

3.angeli.so.truba

Измолен од Бога од твоите родители,
даруван од Христа ги поддржуваше Ангелите,
Гавриле преподобен оче наш,
непријателот се посрами од твоите свети подвизи,
чудеса се случуваа од твоите свети мошти,
                                   моли се за нас ти Христов пријателе,
со твоето застапништво пред Бога
да добиеме милост голема.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Јован Колибар
¬15 јануари / 28 јануари

3.angeli.so.truba

О Јоване, Јоване, љубов која раѓа трпение,
Христов ученик, за демонот врв недопирлив,
молитвата твоја карпи растопува
и Бога го умилостува.
Затоа и нас не нѐ заборавај сега,
ти кој пребиваш во небесната широчина,
насладувајќи се од непропадливата мана.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на светиот
Христов преподобен
Павле Тивејски
¬15 јануари / 28 јануари

3.angeli.so.truba

Подигни ги горништата свои о Тиваидо,
и прослави го Илија во пламенот,
Јован во пустината и Павле во рајот – сите
во слугата Христов Павле великиот,
кој како прв никулец, пустината ја скроти,
и Царството Небесно го наследи,
а за нас сега се моли,
пред престолот на Онoј кој него го осинови.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (28.01.2024)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 vozdvizenie.jpg

Преподобен Павле Тивејски

Роден од богати родители во Долна Тива (Теба) Мисирска во времето на царот Декиј. Сиот имот на родителите Павле го наследи заедно со неговата сестра. Неговиот зет идолопоклоник посака да го приграби и Павловиот дел од имотот и му се закани на Павле дека ќе го даде на суд како христијанин ако не му го отстапи својот имот. Од една страна оваа неволја, од друга самопожртвуваниот пример на христијанските маченици што ги виде со своите очи, го поттикнаа Павле да го отстапи својот дел од имотот и како ништо  да се оддалечи во пустината.

 vozdvizenie.jpg

Таму се подвизуваше до смртта. До каква духовна височина достигна овој возвишен монах сведочи самиот Свети Антониј Велики, којшто еднаш го посети Павла и ги виде како му служат ѕверовите и птиците небесни. Кога се врати од таа посета Антониј им рече на своите монаси: „Тешко мене, деца мои, кој сум грешен и лажен монах, монах само по име. Го видов Илија, го видов Јован во пустината и навистина го видов Павле - во Рајот!“ Св. Павле живееше сто и тринаесет години и мирно се упокои во Господ во 342 година.

Преподобен Јован Кушчник (Колибар)

Роден е во Цариград во времето на царот Лав I од богати и угледни родители. Им беше единец на своите родители. Поттикнат од наклоноста кон духовниот живот младиот Јован тајно побегна со еден монах во некој манастир во Мала Азија. Во тој манастир тој помина шест години во преголемо воздржание, молитва и послушност кон игуменот. Тогаш на него навали ѓаволот со искушение дека треба да го остави манастирот и да им се врати на своите родители и кај нив да живее како благородник. Тој навистина се врати во домот на родителите но облечен како просјак, ги виде своите родители само не сакаше да им се јави како син, туку како просјак се насели во нивниот двор, живеејќи речиси од трошките што му ги дофрлаа слугите и трпејќи многу потсмевања од сите и од секого. Така поживеа три години молејќи Го Бога да ги спаси душите на татко му и мајка му. Кога се разболе и ја почувствува близината на смртта, им се јави на родителите, кои го препознаа по едно скапоцено Евангелие што му го подарија во детството и коешто тој го чуваше кај себе како единствен свој имот. И така овој млад човек, иако многу богат, си ја спаси душата, ги спаси душите на своите родители, го победи ѓаволот и се упокои во Господ околу 450 година.

sv.GavrilLesnovski.jpg

Преподобен Гаврил Лесновски

Кондак, глас 6.

На земјата си поживеал ангелски, и со животот си го објаснил Евангелието; умот свој си го свртел кон небесата, а луѓето си ги учел на благочестие. Поради тоа те славиме: Радувај се, преподобен Гавриле, Лесновска похвало.

Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што му изгради црква на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на крајот од 10 век.