ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 Тропар на Чудотворната икона
на Пресвета Богородица
Млекопитателница
12 јануари / 25 јануари
Со благоволение на Oтецот,  
од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;
Оној Кој постои од Отецот без мајка пред вековите,
 и заради нас без татко по плот го родила,
 и како Младенец со млеко си го хранела.
Затоа не престанувај да Го молиш,
 да ги избави од беди душите наши.

 
Извор МПЦ-ОА

   Тропар на светиот
Петар Авесаламит
¬12 јануари / 25 јануари

3.angeli.so.truba

Крстот свој го понесе, о Петре мачениче свети,
на него измамата идолска ја распна,
пред очите на оние кои одеа во смртна сенка,
но безумието не ја виде светлината,
посведочена од крвта која Христа го исповедаше,
и на крст те прикова кој добивка стана за тебе,
а за нас прибежиште, во кое се надеваме
на твоите свети молитви.
Господи слава Ти!


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
Христова маченичка Татјана
12 јануари / 25 јануари

3.angeli.so.truba

Татјано света маченичке,
Христос пред нозете твои тварта ја покори,
твоите молитви од Бога услишани беа,
громови идоли разрушуваа, лавови се умилкуваа,
неверници во вера се приведуваа,
моли се помазаничке на Бога Живиот,
благодатта која во тебе делуваше
нас да нѐ укрепува и спасува,
по твоите свети молитви,
по твоите за Христа принесени подвизи.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (25.01.2024)

vozdvizenie.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Светата маченичка Татијана

Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуи на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и убиени. Света Татијана продолжија да ја мачат: ја биеја, ѝ отсекуваа месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта во затворот за утредента повторно да ја удрат на маки. Но Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татијана изутрина се јави пред мачителите наполно здрава. Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ наштети. Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила. Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги убија со меч. Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а дух мажествен.

Светиот маченик Петар Авесаламит

Родум од Елефтеропол во Палестина. На младост пострада за верата во Христа, во времето на царот Максимин, во 311 година. После многу маки го осудија на смрт. Кога ја сослуша смртната пресуда радосно возвикна: „Тоа е мојата единствена желба, да умрам за Христа!“ Го распнаа на крст и како и Самиот Господ издивна на крстот.

vozdvizenie.jpg

Млекопитателница

Така се вика иконата на Пресвета Богородица којашто Св. Сава Српски ја донесе од манастирот на Св. Сава Осветен кај Ерусалим и ја положи во неговата Посница на Кареја на Света Гора. Вака се исполни пророштвото на Св. Сава Осветен изречено осумстотини години претходно, дека ќе дојде некој свештеник српски Сава и дека таа икона и неговиот жезол треба да му ги предадат нему. Кога тој ја посетил обителта на Св. Сава Осветен, монасите се сетиле на ова пророштво на основачот на својата обител и му ги предале иконата и жезолот. Оваа икона е поставена на десната страна од царските двери во Посница, а жезолот во една келија наречена Патерица, на Кареја.

 

TVITER634

 За чудотворната икона Млекопитателница

Чудотворнaта икона на  Богородица наречена Млекопитателница (на грчки Γαλακτοτροφούσα) го  претставува Младенецот Христос како, држен на рацете на Богородица, се храни од градите на Светата Богомајка. Сликана е на основа на Евангелието: дека Пресветата Богомајка го доила овоплотениот Господ Христос како свој син, што онаа жена во Евангелието го исповедила со зборовите упатени на Христа: Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел! (Лк 11,27). За таа вистина истотака говореле и пишувале и Светите Отци на Источната Црква. Така Свети Ефрем Сириски вели во песните на Рождество Христово: “Од утробата Девина излегол Младенец, и со млеко се хранел, и растел покрај деца – Синот на Господарот на се`. Светата  Дева-Мајка му давала на Христа млеко, и Тој како човек се хранел со нејзиното млеко. Кога  Господ се хранел со млекото Мариино, тогаш  точел живот на сиот свет.” Слично пеел и Свети Роман Мелод, а неговите и од други цркoвни поети, химни за тоа влегле во Богослужењето на нашата Црква.

Една од тие песни испишана е на хиландарската икона Млекопитателница во Карејската  испосница на Свети Сава: “Златоплетен Столбу, и дванаестоѕидни Граду, сонцеточни Престолу, Столицо на Царот, несфатливо е чудото: како со млеко го храниш Господа!?”( Егзапостилар на Успението на Богородица). Вакви претстави има уште од најстари времиња во Светата земја, Сирија, Египет, Византија итн. Денес  ваква фреска има и во манастирот Св. Наум на Охридското Езеро (настаната во XIV век, по углед  на карејската икона).

По хиландарското предание, денешната хиландарска икона Млекопитателница се наоѓала во лаврата на св. Сава Осветен , на дваесет километри јужно од Ерусалим. Светиот основач на оваа најголема Лавра на Истокот, Свети Сава Осветен (†532),пред својата блажена смрт пророчки говорел декаа по многу време Лаврата ќе ја посети еден монах од благореоднички  род од запад, по име Сава, на кого треба како благослов да му се дадата иконата на Мајката Божја Млекопитателницеа и неговииот игумански жезол.

Во 1217 г. , кога светиот архиепископ Сава Српски се приближувал до  кивотот во кој почивале моштите на Свети Сава Осветен, игуманскиот жезал паднал од ѕидот пред нозете на Свети Савa Српски, а икона на Богородица Млекопитателнице се поместила од своето постоље. Оваа сцена се повторила и на второто доаѓање на свети Сава Српски По третото влегување во храмот, братството му го соопштило заветот на својот духовен праотец.

Тогаш му биле дадени иконата Млекопитателница, игуманскиот жезал и Богородичната икона Троерачица, која му припаѓала на свети Јован Дамаскин. По враќањето на Света гора Атонска, св. Сава ја оставил иконата Троеручица во Хиландар (денес е на игуманскиот престол во овој манастир), а жезалот во ќелијата Моливдоклисја (а потоа  во ќелијата Патерица).  Иконата Млекопитателница ја пренел во својата испосница на Кареја, наречена Типикарион.  Испосницата е посветена на свети Сава Осветен, а иконата Млекопитателница е поставена десно од Царските двери,на местото од Господовата икона, која е на левата страна.Иако, ваквата пракса не е вообичаена, сепак Вселенската  Црква ја дозволила. Споменот на оваа чудотворна икона е на 12/25 јануари.

Извор: Никодим Хиландарац- Икона Богородице Млекопитатељнице

https://orthodul.wordpress.com/2009/12/27/%D0%B7%D0%B0-%D1%87%D1%83%D0%B4%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD/