ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Христов патријарх
Модест Ерусалимски
18 декември / 31 декември

7.Vselenski.sobor

Слава Тебе Господи,
што такво срце човеково создаде,
и по молбата Модестова очисти и исполни,
со љубов кон родот човечки.
Сотрудник Јованов, утешител Захариев,
прославител на Христа Спасителот,
молитвеник за народот кој него го повикува,
пред Бога Троичниот да се застапи.
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик Севастијан
и други со него
18 декември / 31 декември

7.Vselenski.sobor


Велик е твојот Бог Христос
о, свети Севастијане, Кој преку тебе
мноштво чудеса пројави,
болни лекуваше, губави очистуваше,
а тебе воскресение ти подари
пред очите на светот кои останаа замаглени.
Молете се сите вие маченици со Севастијан
свети, Спасителот да подари прошка
на нашите гревови.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Евиот
18 декември / 31 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 1
Спокојство налегнува над нас
кога кон Христа припаѓаме и мир добиваме
по твоите свети молитви, Евиоте наш брз застапниче.
Величајќи го твоето трпение во маките,
кои поднесувајќи ги Бога Го прослави
и венец маченички од Него доби,
се радуваме и просиме милост од Вечниот
за нашите прегрешенија по твоето
застапништво од Царството Небесно.
7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 Тропар на светиот
Христов исповедник
Михаил сингел
18 декември / 31 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 6
Михаиле – Христов воину,
ти кој вкуси од водите на овој свет,
добар избор направи посакувајќи душата само
од Изворот на животот да ја напоиш,
а Он во бој те испрати, по ревноста твоја
негов исповедник пред светот да бидеш,
Бога во Троица да Го прославиш
и за нас да се молиш пред Вистината
која секој човек го ослободува.

7.Vselenski.sobor 
7.Vselenski.sobor

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 31/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

vozdvizenie.jpg

Свети Модест, патријарх Ерусалимски

Кога му умреа родителите, тој имаше пет месеци. Но по Божја Промисла беше воспитан во христијански дух. Кога порасна му го продадоа како роб на некој незнабожец во Мисир. Но тој успеа да го обрати својот господар во верата Христова. Господарот му подари слобода. Тој се повлече на Синајската Гора и таму се подвизуваше сѐ до неговата педесет и деветта година. Тогаш го избраа за ерусалимски патријарх. Го пасеше Христовото стадо како вистински пастир и се упокои мирно во 633 година, во деведесет и седмата година од неговиот живот на земјата.

Светиот маченик Севастијан и другите со него

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудтоворство: ја исцели од немост Зоа, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение нејзе и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Св. Зоа, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на Св. апостол Петар. После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Св. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодија со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабожците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.