ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 7.Vselenski.sobor

Тропар на светите Христови маченици
Евстратиј, Авксентиј, Евгениј,
Мардариј и Орест
13 декември / 26 декември

Низ оган злато поминува за да се очисти,
о свети Евстратие,
но огнот тебе не те допре,
 затоа што напоен од благодатта Христова,
нечистотија во срцето не најде.
Со таа благодат кон сведоштво за спасение ги приведе,
Авксентија, Евгенија, Мардарија и Ореста,
вие сега застапете се,
пред престолот Господов за нас,
кои го празнуваме вашиот свет спомен.
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча, Слепче


Тропар на светата
Христова маченица
Лукија Девственичка
13 декември / 26 декември

7.Vselenski.sobor

Слугинко Господова, невесто Христова,
пред Бога застана и не се помести,
за да светот ја спознае силата на благодатта,
одозгора подадена.
Моли се за нас Лукио света,
духот да не омалаксува,
но бодар Христа да го исповеда,
надевајќи се на твоите молитви свети.

7.Vselenski.sobor

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча, Слепче
Тропар на преподобниот
Герман Аљаски
рамноапостолен
13 декември / 26 декември
7.Vselenski.sobor
Глас 4
О Германе горо висока чии врвови
се оросуваа од Небеса,
а коренот напоен беше од Сокот на Животот,
за нас моли се ти свет Христов подвижнику,
кој Неговата светлина над неверието ја распространи.
Блажен чудотворче, украсу на Аљаска, пастиру Алеутски,
радувај се сега во Нејзините градини.

7.Vselenski.sobor
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
 

 Тропар на светиот
маченик Христов
Петар Алеутски
13 декември / 26 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 5
Христов стана, ти Петре Алеутски
и таков остана, закрепнат од благодатта Негова
на голгота поита, воскликнувајќи дека
е доволно и преисполнето Христов да си,
а без Него времињата се замислени приказни.
Радувај се и за нас моли се
свети новомачениче Петре Алеутски.

7.Vselenski.sobor

 

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 26/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 

vozdvizenie.jpg

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Свети Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Авксентиј свештеник, а Мардариј прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Авксентиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Свети Орест, кога нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги надвишуваше останатите. Авксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј во огнена печка. Пред смртта Св. Евстратиј се причести во затворот од Св. Власиј (под 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во Цариград и положени во црквата со името на овие Свети Петочлисленици. Во таа црква ги видувале и живи, а Св. Орест му се јави и на Св. Димитриј Ростовски (под 28 октомври). Од Св. Евстратиј остана една прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају тја, Господи!“

Светата маченичка и девица Лукија (Луција)

Со мајка ѝ го посети гробот на Св. Агатија во Катанија, каде што ѝ се јави Св. Агатија. Нејзината крвоточива мајка тогаш се исцели чудотворно во црквата. Лукија им го раздаде сиот свој имот на ништите, што го огорчи нејзиниот вереник, којшто ја обвини како христијанка кај судијата Пасхасиј. Злобнито судија нареди да ја одведат во блудилиште за да ја осквернат. Но со Божјата сила таа стана неподвижна, како закована за земјата и многубројни луѓе не можеа да ја помрднат. Тогаш некој разјарен незнабожец ѝ забоде меч во грлото и таа Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада во 304 година.