ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот Христов
Столпник Данило преподобен
11 декември / 24 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 4
Смирението твое о, Данило столпнику,
по молитвите на твоите родители,
со заштитиништвото на великиот Симеон,
пат кон небесата ти отвори,
а ангелите и луѓето се восхитуваа на даровите,
кои Христос ти ги дарува, за по твоите молитви,
ден денес и до крајот на времињата,
ние кои Христа го славиме,
да бидеме спасувани.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на преподобниот
Христов Нов столпник
Лука
11 декември / 24 декември

7.Vselenski.sobor
Во тишината на молчанието,
го слушна гласот небесен,
и зборовите на животот вечен,
те подигнаа на столб кон висини,
Луко оче наш преподобен,
моли се за оние кои кон тебе молитвено пристапуваат,
ти кој си столб непоколеблив на верата,
во Христа нашиот Спасител.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Миракс
11 декември / 24 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 5
Блажен е оној кој има застапник пред Господа,
о Мираксе свети покајниче,
по молитвите на тие кои тело ти дадоа:
се разбуди од смртната измама,
а Господ те закрепна чистота да повратиш
преку мачеништво, кое секоја дамка нечиста ја изми.
Затоа сега и нас спомни нѐ,
ти кој го носиш венецот на покајанието.


7.Vselenski.sobor 
 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 24/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

 vozdvizenie.jpg

Преподобен Данило Столпник

Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија од христијански родители, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети Св. Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данило го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којшто остана сѐ до својата смрт, поднесувајќи ги еднакво жегата и студот и нападите од луѓето и демоните. Околу неговиот столб се собраа голем број ученици и тој, со својот пример и поучувајќи, сите ги водеше кон живот во светост. Овој Свој слуга заради ползата на луѓето Бог го даруваше со голема блaгодат на чудотворство уште за време на животот. Беше голем проѕорливец на идните настани. Под неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, во потрага по помош и совет од Божјиот светител. Кај него доаѓаа цареви, патријарси и прости луѓе. Царот Лав Велики своите гости државници од странство ги водеше под столбот на Св. Данило и им го покажуваше светителот велејќи: „Ете го чудото во моето царство!“ Преподобен Данило си го прорече денот на својата смрт, ги поучи своите ученици и се прости. Пред неговата смрт учениците видоа над столбот ангели, пророци, апостоли и маченици. Овој ангелски човек поживеа осумдесет години и се упокои во 489 година.

Преподобен Лука Столпник

Живееше во Цариград во времето на царот Константин Порфиророден. Како војник учествуваше во војната против Бугарите, во која виде погибел на илјадници луѓе, а самиот излезе жив и неповреден. Согледувајќи го во тоа спасение прстот Божји, ја презре суетата на светот, се повлече на еден столп кај Халкидон и таму се подвизуваше цели четириесет и пет години, чистејќи си го срцето од сите гревовни помисли и желби. Се упокои помеѓу 970 и 980 година.