ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
епископ Христов
Амвросиј Милански
7 декември / 20 декември

Глас 3
Славен е Господ во светиите свои,
и препрославувана е Неговата грижа
за спасение на родот човечки,
во животот твој о Амвросие свети
Божји угодниче, светлината на Духот Свети
од тебе бликаше и стадото Христово го осветлуваше.
Моли се духоносче, моли се чудотворче,
животите наши по твоите молитви да ги преобразиме.
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светата
Христова маченица
Филотеа Тракиско Романска
7 декември / 20 декември

Возљубена невесто на возљубениот Син Божји,
девственичке од родот човечки,
која се молиш за скрушените и жедните,
негувателке на срцата ожалостени,
Филотео наша светлино на пат кон Небесното,
моли се за нас ти која како
Самарјанин послужи на Љубовта,
посведочена во цела вселена.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец наш Павле
Покорен (послушен)
7 декември / 20 декември

Пред тебе како пред кандило неугасливо,
денес глави приклонуваме,
Павле, оче наш Богоносен,
сам ти кој посиновување по благодат од Христа доби,
моли се да се спасат нашите души,
и по твоите молитви,
да бидеме поведени во рајските градини.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Григориј молчалив
Григоријатски и Горњачки
7 декември / 20 декември

Глас 3
Голема пофалба за тебе Господ објави
о свети Григорие, и како Негов преподобен див
ангелите прославата ја вознесоа по целата вселена,
радувај се Синаите, радувај се Светогорче,
радувај се Божји угодниче,
чие молчание молитвено тишината ја надмина,
и за нас моли се од пределите на Вечната Слава.

7.Vselenski.sobor 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 20/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

vozdvizenie.jpg

Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)

 светите мошти на св. Амвросиј

  • Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излејаа мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан. Кога умре епископот на тој град, падна голема расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на новиот епископ. Според должноста Амвросиј влезе в црква заради одржување на редот. Притоа едно дете возвикна на мајчините гради: „Амвросиј - епископ!“ Сиот народ ова го прими како глас Божји и наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ.

Тој се крсти и за една недела ги помина сите претходечки чинови и беше ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата меѓу незнабожците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на вистински христијанин и христијански пастир. Тој ја состави и благодарствената песна: „Тебе Бога Те фалам“. Овој славен јерарх, кого заради неговата мудрост и слаткоречивост го посетуваа и луѓе од далечни земји, беше мошне воздржлив, трудољубив и бодар.

  • Спиеше малку, работеше и Му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори. Ги откри моштите на Светите Протасиј, Гервасиј, Назариј и Келсиј (под 14 октомври). Кроток кон малите луѓе, пред големите беше неустрашлив. Ја изобличи царицата Јустина како еретичка, тиранининот и убиецот Максим го проколна, на царот Теодосиј му забрани пристап во храмот сѐ додека не си го покаја гревот, со насилниот и самонаречен цар Евгениј не сакаше ни да се сретне. Овој богоугоден маж Бог го дарува со толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше, болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.