ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 Тропар на свети

Николај Мирликиски
чудотворец
6 декември / 19 декември

Глас 4
Вистината те покажа како правило
на верата и образ на кротоста,
и на стадото твое како учител на воздржливоста;
преку смирението си го спечалил возвишеното,
а со сиромаштвото – богатството,
оче свештеноначалниче Николае,
моли Го Христа Бога
да ги спаси нашите души.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот Христов

архиепископ рамноапостолен

Николај Јапонски

6 декември / 19 декември 2019

7.Vselenski.sobor

 Глас 1
Светлината Христова изнедри од срцето твое,
и ги осветли оние кои седеа во смртна сенка
 на далечниот исток,
о Николае рамноапостолен Христов ученику,
Јапонија доби пред Господа ѕвезда патеводителка,
а и за сите нас велик молитвеник,
до крајот на времињата.

 

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Никола Караман
6 декември / 19 декември

7.Vselenski.sobor
Глас 3
Вистината на верата слобода ти подари,
иако телесно во ропство живееше свети
Христов мачениче Николае,
и затоа воскликнуваше дека без Христа ништо не си,
прифати венец и Крст маченички
за да стигнеш до Господовите дворови,
како птица рајска која за нас се моли,
во вечни векови.
7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor 

 

 7.Vselenski.sobor

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче

 


Тропар на светиот Максим митрополит Киевски
19/12/2021

Глас 8

Кротоста твоја о Максиме

ја раздаваше Чашата на спасението

на паствата ти поверена,

и ревноста на духот облагодатен

мноштво слова испиша, кои ги закрепнаа оние

по Христа, души жедни.

Затоа свети епископе не престанувај

за нас да се застапуваш пред Оној

Кој тебе вечен живот ти даде.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Тропар на светиот отец Теофил епископ Антиохиски

19/12/2021

Глас 4

Богомудар те направи Изворот на животот,

и те приведе тебе епископе свет Теофиле,

ловец на души човекови да бидеш.

А ти како верен слуга на Пастироначаникот

нѐ обогати нас со слово живо и молитви

на кои се повикуваме, помилувани

од Христа Бога да бидеме.

 

 

 

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Тропар на светиот Христов маченик Нисар

19/12/2021

Глас 6

Мноштво маки безумни над тебе беа извршени,

о Нисаре Христов мачениче,

но ти непоколеблив остана

бирајќи го животот небесен,

наместо славата привремена и смртта вечна.

Затоа сега Бога за нас моли Го

 верни да бидеме именувани

пред Неговите свети ангели.

 

 

 

 

 

Извор МПЦ - ОА

Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 19/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Глас четврти:

Вистината на се како правило на верата, образец на кротоста и учител на воздржливоста Те покажа на стадото Твое; заради тоа ти си го придобил со смирението- возвишеното, а со сиромаштвото- богатството; оче свјаштеноначалниче Никола, моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји.

Тропар- св.Николај Чудотворец

sv.Nikola.more.jpg

http://www.youtube.com/watch?v=g0Ul-iE3yrA

Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.