Тропар на светиот
преподобен отец
Јован Дамаскин
4 декември / 17 декември

7.Vselenski.sobor
Господовата десница богодолично
се прослави во сила, о блажен Јоване,
накалемувајќи те тебе на изворот на благодатта,
Мајката Божја радост ти донесе,
приведувајќи ја кон Христа твојата душа нажалена.
Моли се за нас ти харфо милозвучна,
на Божјата љубов, моли се за нас ти
солзно око на Пресветата,
на хартија излеано и во срца човечки оживеано.

7.Vselenski.soborИзвор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на света
Христова великомаченица
Варвара
4 декември  / 17 декември

Глас 8
Света Варвара да ја почитуваме,
зашто сечесната со помошта
на оружјето на Kрстот,
ѓаволските мрежи ги искина
 и како птица од нив се ослободи.


 
Извор МПЦ - ОА

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Серафим Фанариски
4 декември / 17 декември

7.Vselenski.sobor
Глас 5
Жртва жива измиена во своите страдања,
како непорочна прими Ти Господи,
во ликот на Твојот епископ Серафим,
кој лути страдања за Името Свето прифати,
верата ја зачува и за нас сега ѕвезда патеводителка постана,
која нѐ закрилува пред Тебе со неговите свети молитви.


7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Јован Поливотски
4 декември / 17 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 4
Преподобниот Твој Јован напоен од Изворот на Животот
со пост, целомудреност и милосрдие се украси, о Господи,
мирно пасејќи го Твоето стадо поверено
никого не загуби молејќи се секогаш за сите непрестано.
А Ти на неговите свети молитви и денес нас нѐ припои,
кои неговите свети мошти ги чествуваме
и Тебе Те славиме во вечни векови.


7.Vselenski.sobor
 
7.Vselenski.sobor

 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 17/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 

 Од Верскиот календар

vozdvizenie.jpg

Светата великомаченичка Варвара

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години се вневести за Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Мисирски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна единствениот вистински Бог и Создател, иако немаше никого од луѓето за учител во тоа. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос. Таа нареди да се пресече и трет прозорец на бањата за да бидат трите прозорци симбол на Света Троица; на една карпа во бањата нацрта со прстот крст и крстот се вдлаби во каменот како врежан со железо; од нејзините стапала на подот од бањата избиваше извор со вода којашто подоцна на мнозина им донесе исцеление од болестите. Кога дозна Диоскор за верата на својата ќерка, сурово ја биеше, ја протера од кулата и ја гонеше за да ја убие. Карпата се отвори и ја скри Вравара од суровиот татко. Кога му се јави повторно, татко ѝ ја однесе пред началникот Мартијан, на кого што му ја предаде за мачење. Невината Варвара ја расоблекоа и ја биеја, додека целото тело не ѝ го прекрија во рани и крв. Во затворот ѝ се јави Самиот Господ со ангели и ја исцели. Кога го виде тоа една жена Јулијанија и самата посака мачеништво. Обете беа ужасно мачени и со исмевање ги водеа по градот. Им ги отсекоа градите и од нив истече многу крв. Најпосле ги изведоа на губилиште, каде што таткото самиот си ја закла ќерката, а војниците ја заклаа Јулијанија. Истиот тој ден удри гом во куќата на Диоскор и ги уби него и Мартијан. Света Варвара пострада во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, Св. Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.

vozdvizenie.jpg

Свети Јован Дамаскин

Најнапред беше министер на калифот Абдалмелех, а потоа монах во манастирот на Св. Сава Осветен. Заради ревносно застапување на иконопочитувањето во времето на иконоборниот цар Лав Исавријанин Јован беше наклеветен од овој цар кај калифот, којшто му ја отсече десната рака. Тој припадна на молитва пред Пресвета Богородица и раката му се состави и чудесно му зарасна. Кога го виде тоа чудо калифот се покаја, но Јован повеќе не сакаше да остане кај него како големец, туку се повлече во манастир, каде што во почетокот им беше пимер на монасите во смирението, послушноста и во сите монашки подвизи. Испеа посмртни песни, го состави Октоихот, Ирмологијата, Месецословот, Пасхалниот Канон и напиша многубројни богословски дела со вдахновение и длабочина. Голем како монах, и како поет, и како богослов, и како војник на Христовата вистина, Дамаскин се вбројува во големите отци на Црквата. Се упокои мирно во 776 година, во сто и четвртата година од својот живот.

Свети Генадиј, архиепископ Новгородски

Прочуен писател, поборник на вистината и страдалник за Христовата вистина. Ги собра растурените книги на Светото Писмо во едно и го состави пасхалниот клуч за петстотини триесет и две години однапред. Се упокои во Господ во 1505 година. Неговите чудотворни мошти се чуваат во Чудовиот манастир во Москва.