ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светите
Христови апостоли Стахиј,
Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј,
и Аристовул
31 октомври / 13 ноември

О достославни ученици Христови,
вие Бисерот го најдовте,
радоста со родот човечки ја споделивте,
со неа исполнети маките и прогоните за трици ги сметавте,
Стахие, Амплие, Урване, Наркисе, Апелие и Аристовуле,
ние денес преку вас на Христа му благодариме,
што вистината ја сокри од мудрите,
а нас со неа кон спасение нé приведе.

7.Vselenski.sobor


 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 13/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

vozdvizenie.jpg 

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.