ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 Тропар на светиот
апостол Јаков
брат Господов
23 октомври / 5 ноември

Како праведен Господов ученик,
си го примил Евангелието,
како маченик имаш смелост непобедлива,
како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.
Моли Го Христа Бога
да се спасат нашите души.

Извор МПЦ-ОА     

 

Тропар на светиот
отец Игнатиј
патријарх Константинополски
23 октомври / 5 ноември

Смирението твое пред Господа,
дар измоли за Црквата, кон трпеливо
послушание приведувајќи те,
за спасение на многумина,
 о, Игнатие пастиру Господов.
Мудроста облагодатена ја сподели со паствата,
учејќи нѐ и денес на стравот Божји,
со кој се освојува небесната висина.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 
Тропар на преподобниот
отец Макариј Римјанин
23 октомври / 5 ноември

Слободата од Бога ти дарувана,
ја сочува со благодат одозгора,
брачната ложа ја замени со пештера
која стана плодоносна, дружбата со светот –
природа несловесна чиј јазик го научи,
о, Макарие преподобен Господов следбениче,
спомни нѐ во мирот Христов кој на тебе почива.

7.Vselenski.sobor

 


 Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 05/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Св. апостол Јаков, брат Господов    

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов.

Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во Мисир одеше со Пресветата Дева и со Јосиф кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. И бил девственик до крајот на животот. Многу бдеел ноќе и Му се молел на Бога. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.

По воскресението Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Св. апостол Павле (1 Кор. 15). Бил епископ во Ерусалим триесет години и ревносно управувал со Божјата Црква. По указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст.

Многумина Евреи и Елини Св. Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ѝ се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие апостолот Јаков, како проповедник Христов. Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Ерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата.

Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но сѐ уште беше жив. Тогаш притрча еден човек и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.