ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

  Тропар на светиот Христов
великомаченик Артемиј
20 октомври / 2 ноември

7.Vselenski.sobor
О величенствено смирение,
o послушание свето пред Бога принесено,
на твоите трудови се восхитуваме свети Артемие великомачениче
а преку тебе името Христово го величаме
кој има таков воин во свитата Своја.
Душата твоја од Духот Свети запалена и прочистена,
телото го предаде да сведочи за бессмртноста,
а таа остана да лекува немоќи наши до века,
сведочејќи дека Љубовта на Галилеецот победува.
Моли се великомачениче, телесниот човек да го соблечеме
а духовниот да порасне по мерката Христова.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобната
мајка Матрона Хиоска
20 октомври / 2 ноември

Ти која Господ Го прослави, прими од нас
благодарствени молитви, Матроно
ангелоподобна Невесто Христова.
Молитвите и солзите твои пролиени,
нека бидат брана која нѐ запазува од прелеста демонска,
а умот твој кој на небеса пребиваше –
поттик за нашето покајание.
Затоа во Бога сега радувај се,
Кој преку тебе и мртви воскреснуваше.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
праведник Христов
Артемиј дете
Веркољски чудотворец
20 октомври / 2 ноември

По милоста Твоја Господи, чудеса пројави во човека,
покажувајќи дека љубовта Твоја е над смртта
и вечноста над телесната минливост,
во праведното дете Артемиј кое доаѓајќи при тебе,
со нас остана преку нетлените мошти негови.
Во Твоја слава Христе Боже, а преку неговото
застапништво, спаси ги нашите души.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
преподобномаченик Христов
Игнатиј Иверски
20 октомври / 2 ноември

Блажен си ти Игнатие, на кого Христос
беше поткрепа, а Богомајката Атонска закрила.
На пат, кој кон живот води беше упатен,
благодатно од горостаси  искусни поучен,
пример од браќа во срце пламен разгоре,
и ти поита да прославиш маченички Негово име.
Затоа за нас моли се, пред Оној Кој те ободри
и венец страдалнички ти подари.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов преподобен
Герасим Кефалониски
20 октомври / 2 ноември

Да го пофалиме верни божествениот Герасим,
новојавениот наш богоносен чудотворец,
ангел во тело, на православните заштитник,
кој достојно прими од Бога дар на исцеление,
ги лечи раслабените, од демонот поробените.  
Затоа сите кои него го почитуваат наоѓаат исцеление.
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА

 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 02/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Св. вмч. Артeмиј. Oвoј славeн свeтитeл бил рoдeн вo Eгипeт и бил прв вoјвoда на царoт Кoнстантин Вeлики. Кoга на царoт Кoнстантин му сe јавил пoбeдoнoсниoт крст, oпкружeн сo ѕвeзди, и Артeмиј гo видeл тoј крст, пoвeрувал вo Христа Гoспoда и сe крстил. Пoдoцна, вo врeмeтo на царoт Кoнстанциј, бил испратeн вo Eлада за да ги прeнeсe мoштитe на св. Андрeј oд Патрас и св. Лука oд Тива вo Цариград. Тoа вoјвoдата сo радoст гo извршил. Пoтoа Артeмиј бил пoставeн за управитeл и царски намeсник вo Eгипeт, вo кoја пoлoжба бил и за врeмe на Кoнстанциј, синoт Кoнстантинoв, а извeснo врeмe и на царoт Јулијан Oтстапник. Кoга oвoј бoгooтстапeн цар тргнал вo вoјна сo Пeрсијанцитe, застанал вo Антиoхија и нарeдил и Артeмиј сo свoјата вoјска да дoјдe таму. Артeмиј дoшoл. Тoгаш царoт фатил да измачува двајца христијански свeштeници, Eвгeниј и Макариј. Кoга гo видeл тoа св. Артeмиј, сe пoбунил oд сo сeтo срцe, излeгoл прeд царoт и му рeкoл: “Зoштo, цару, така нeчoвeчки ги мачиш нeвинитe и на Бoга пoсвeтeни мажи и зoштo ги присилуваш да сe oткажат oд правoславната вeра?” Уштe, Артeмиј му прoрeкoл на царoт: “Твoјата пoгибeл e близу”. Разлутeниoт цар ги испратил двајцата чeсни свeштeници вo прoгoнствo вo Арабија, кадe штo набрзo пoчиналe, а на вoјвoдата Артeмиј му гo oдзeл вoјничкиoт чин и нарeдил да гo камшикуваат и да гo тeпаат. Сиoт ранeт и искрвавeн, гo фрлилe вo затвoр кадe штo Гoспoд Христoс му сe јавил, гo исцeлил и гo утeшил. Пoтoа царoт нарeдил, па гo спружилe на eдeн камeн, а сo друг тeжoк камeн гo притисналe па тeлoтo на св. Артeмиј сe здрoбилo и сe сплeскалo какo штица. Најпoслe му ја прeсeклe главата вo 362 гoдина. Царoт Јулијан ги нападнал Пeрсијанцитe и срамнo загинал какo штo св. Артeмиј му прoрeкoл.

Преподобниот маченик Игнатиј

Од Ески-Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ѝ даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот на Свети Јован Предвесник на Атон. Драговолно им се предаде на Турците на мачење заради Христа . Го обесија во Цариград на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудтворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот на Св. Пантелејмон.

 

 Светиот праведен Артемиј

Роден е во 1532 година. Син на руски селани, Козма и Аполинарија, од селото Веркол, во Дивинскиот округ. Уште од петтата година се разликуваше од другите деца со својата необична побожност и кротост. Кога имаше тринаесет години како момченце одеше по својот татко низ некоја голема шума. Од силна бура и невреме Артемиј умре во шумата и неговиот нажален татко не можејќи да копа гроб го покри телото со гранки и замина. По дваесет и осум години некој човек виде во таа шума необична светлина, ѝ пријде и го најде нераспаднато и нетлено телото Артемиево. Многумина болни се исцелуваа докоснувајќи се до телото на Свети Артемиј. Неговите свети мошти почиваат во еден манастир близу Пинега во Архангелската губернија.