ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светите
маченици Пров, Тарах и Андроник
12 октомври / 25 октомври

На делото на светите маченици,
се восхитија Небесните Сили,
како во смртно тело со Силата на Крстот,
добро подвизувајќи се невидливо го
победија бестелесниот ѓавол.
И го молат Господа,
да ги помилува нашите души!



 
Извор МПЦ-ОА     

 

Тропар на светата
Христова маченичка
Анастасија
12 октомври / 25 октомври

По нејзините молитви Господи,
заради страдањата нејзини кои ги претрпе,
од Тебе не откажувајќи се.
Поради милоста која од Тебе облагодатена
венецот нејзин го залеа:
спаси ги нашите души обременети.




Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Кирин Сисачки
епископ Норички
12 октомври / 25 октомври

Мачеништвото твое Кирине свети епископе,
семе и сила стана за утврдување и раѓање
на народ свет, кој Бога Троичниот Го прославува,
а поуките – море слатководно кое душата ја мие и осветува.
За нас сега твоето застапништво нека биде мелем за душата,
која на тебе се надева пред Христа Господа.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова маченичка
Доминика
12 октомври / 25 октомври

Домот на мачеништвото твое,
од темен затвор, светла кочија постана,
молитвено осветувајќи се од верата
 и подвигот твој во Господа, о, Доминико маченичке света.
Пред Небесниот Цар стигнувајќи со венец маченички,
моли се за оние кои го чествуваат споменот чесен твој
и Господа Бога Го прославуваат.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Максимилијан Цељски
епископ Норички
12 октомври / 25 октомври

Сиромаштвото заради Христа,
те обогати во Господа Максимилијане свети,
и име ти запиша вис небеса, украсено со венец маченички.
Пастирското служење уште подобар дом ти изгради,
небесен, од каде моли се пред Домостроителот,
милост да даде за душите наши.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Диоскор сенатор
12 октомври / 25 октомври

Вистината излеана од устата твоја,
ја изобличи и посрами лагата на човечкото незнаење,
наоѓајќи пат до сите кои место во срцето
приготвија за Христовата светлина.
Награда од венец маченички и одаи небесни примајќи,
моли се за нас храбар исповедниче кој Господа Го прослави.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот
отец Теозвиј Арсинoјски
12 октомври / 25 октомври

Во слава на Оној Кому ти непрестано се молеше,
храм се подигна со светото име твое,
о, Теозвие Божји угодниче, а Он Изворот
на благодатта, утеха за нас пројави во нетленото тело твое.
Затоа со срце скрушено ги просиме,
пред Господа твоите свети молитви.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов епископ
Мартин милостив
од градот Тур
12 октомври / 25 октомври

Блажен си ти Мартине, од Господа благословен,
Кој молба ти услиша и војник Негов те направи.
А ти евангелски народ приведе кон спасение
при раце Христови, Кој сила подавајќи ти,
со чудотворства те обдари,
на сите покажувајќи ги плодовите
од срцето твое смирено.
Моли се за нас пастиру Божји Кој
удел имаш во светлината незалезна.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот
отец Козма Мајумски
12 октомври / 25 октомври

Острината на лицето твое, ја издаваше длабочината
на духот и тагата поради падот човечки,
безумието на темнината и жалоста за оние
кои на Бога не пеат: алилуја.
Затоа Севишниот Кој срцата ги испитува,
благодатно го ободри умот твој,
раката ја водеше за прослава Негова
и на оние кои ја возљубија Вечноста.
И сега не престанувај преподобен Козмо пастире,
да се молиш за сите кои Господа Го величаат,
а и сега знаат да пеат: честнејшују Херувим
и славнејшују безсравненија Серафим.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на чудотворната
Икона на Божјата Мајка
наречена Ерусалимска
12 октомври / 25 октомври

Глас 3
Се утврди Твоето застапништво
и милоста на Твоето јавување, со Иконата Твоја
Ерусалимска којашто Ти Владичице наша
ни ја покажа. Пред Неа од душите наши
молитви изливаме и со вера кон Тебе повикуваме:
Погледни Милостива на луѓето твои,
сите наши маки и жалости ублажи ги,
блага утеха во срцата наши испрати,
и вечно спасение за душите наши, Пречиста, испроси!


 
Извор МПЦ – ОА

 

 

 Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 25/10/2020 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Светите маченици Тарах, Пров и Андроник

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник - син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите тројца заедно од антипатот Нумериј Максим во времето на царот Диоклецијан. Во времето на мачењето Тарах имаше шеесет и пет години. Кога антипатот трипати го праша за името, тој сите трипати одговори: „Христијанин“. Прво ги биеја со стапови, па крвави и изнаранети ги фрлија во затвор. Потоа повторно ги изведоа на истизавање. Кога антипатот го советуваше Пров да се одрече од Христа, ветувајќи му почести од царот и нудејќи му го своето пријателство, Св. Пров одговори: „Ниту почестите на царот ги сакам ниту твоето пријателство.“ А кога на Св. Андроник му се закануваше со уште поголеми маки, младиот Христов маченик му одговори: „Моето тело е пред тебе, прави што сакаш.“ После долготрајни мачења по разни места, овие тројца маченици ги фрлија во театар пред ѕверовите. Пред нив едни други маченици во истиот театар беа растргнати од ѕверовите. Но на овие светители ѕверовите не сакаа да им наштетат, туку мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Кога го видоа тоа многумина незнабожци поверуваа во Христа и му се развикаа на антипатот. Бесен од лутина, и полут од ѕверовите, антипатот им нареди на војниците, та влегоа и со сабји ги искасапија мачениците на парчиња. Телата им останаа измешани со мртвите тела на останатите осуденици. И бидејќи беа измешани со другите, а ноќта беше темна и христијаните беа во недоумение како да ги распознаат телата на мачениците, Му се помолија на Бога и одеднаш се појавија три свеќи над телата на тројцата светители. Потоа ги зедоа и чесно ги погребаа.