ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Дионисиј Ареопагит
3 октомври / 16 октомври


Ревнителу за вистината, Дионисие,
ученику на великиот Павле,
трагачу по бессмртноста, помазанику Христов,
тебе мудрост Господ ти подари
кога го виде твоето срце спремно за Него,
ти кој стана откровение на Божјиот домострој,
животот вечен го наследи,
а за нас, предавајќи ни го твоето тело
моли се до Небесната Црква да стигнеме.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец Дионисиј Печарски
Затворник
3 октомври / 16 октомври

Подвижничкиот живот твој во Христа Господа,
те преисполни свети затворениче со радост воскресна,
и границата миговна го пренесе животот во вечноста,
за да радувајќи се со светиите повикаш,
кон Небесата и Вселената: Христос Воскресе!

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на блажениот
отец Исахиј Хоривит
3 октомври / 16 октомври

Те посети Господ, Оној Кој спасение
за целиот род човечки промислува,
и милост покажа возведувајќи те на пат
непоимлив за разум човечки, од кој ти Исихие блажен
вечност да бараш научи.
На смртта постојано сеќавајќи се,
вечна вистина ни остави: да се љубиме и
 простуваме, бидејќи дните се кратки.
По неговите молитви свети Господи спаси и сочувај.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот
епископ Христов
Јован Хозевит Кесариски
3 октомври / 16 октомври

Блажен си ти Јоване слуго на Бога вишниот,
кој Патот го пронајде со смирение и трпение.
А Он те научи како благодат се собира и тихување чува,
од кое душата со Бога се помирува.
Моли се за нас оче преподобен, кој со сила Господова
мртви воскреснуваше и вода изведуваше во слава Негова.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 16/10/2020 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит    

sv.Dionisij.Aeropagit.jpgСе вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.