Тропар на светите
Христови маченици
Кипријан и Јустина
2 октомври / 15 октомври

Бог кој срцата ги испитува ве најде достојни,
за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино,
Кипријан свети го приведе во познание на вистинското спасение, извлекувајќи го од лагата демонска за животот земен,
Јустина девственица ја наоружа со благодат на Крстот чесен,
покажувајќи дека Името Христово е Име Божествено.
Молете се за нас вие кои луди бевте за овој свет,
за да нас не умудрите пред Бога да припаднеме,
и на вашите молитви се надеваме.

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 15/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

 vozdvizenie.jpg

Светиот свештеномаченик Кипријан
и девицата Јустина
    

Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја спозна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе Света Јустина, бидејќи се занесе од нејзината убавина, па кога девицата одлучно го одби, тој побара помош кај Кипријан. Кипријан ги наведуваше злите духови еден по друг на Јустина за да ѝ распалат страст по нечистиот Аглаид, но никако не успеа во тоа, бидејќи Света Јустина со знакот на крстот и со молитвата кон Бога ги одгонуваше од себе духовите на злобата. Тогаш Кипријан ја позна силата на крстот, па и самиот се крсти и со време стана презвитер и епископ. Озлобени незнабожците ги обвинија него и Јустина и обајцата ги предадоа на судот во Дамаск, по што беа мачени и убиени со меч во Никомидија, на крајот од 3 век.