ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на пренос на моштите
на светиот Христов исповедник
М А К С И М
13 август / 26 август

Радувај се горни Ерусалиме,
радувајте се христијани по сите краишта земни,
радувај се свети Максиме, Бог благоволи прослава да воздаде,
преку твоите мошти благослов да подари на челадта
кои го почитуваат столбот на вистината,
кој остана тврдина непоколеблива
и Христа го прослави низ целата вселена.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на чудотворната Икона
на Божјата Мајка наречена
Oмекнување на злите срца
13 август / 26 август

Глас 5
Омекни ги нашите зли срца, Богородице,
стиши ги нападите на оние кои не нѐ сакаат,
и ослободи ја од секоја мака душата наша,
зашто гледајќи на Твојот Лик,
за Твоето страдање и милосрдие за нас се натажуваме,
и раните Твои ги целиваме, а од стрелите наши
со кои Те рануваме, се ужаснуваме.
Но подај ни, Мајко Добросрдечна,
од жестокоста наша и жестокоста на ближните
да не погинеме, зашто си Ти навистина
на злите срца омекнување.


 
Извор МПЦ – ОА



Тропар на чудотворната икона
на Божјата Мајка наречена
Страдална
13 август / 26 август

Преблагословена Мајко Божја,
ти која во срцето го сложуваше
животот земен на Синот твој,
и страдањата Негови молкум рани отвораа
во твојата љубов мајчинска.
Не нѐ отфрли нас кои паѓаме и стануваме
во овој привремен век, туку на Иконата твоја
Страдална целебна благодат подаде,
за сите кои Бога Го прославуваат
и колена пред Неа приклонуваат,
милост да добијат од Христа,
за спасение на нивните души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Конкордија, Иринеј и Авундиј
13 август / 26 август

Наградата на Царството Небесно
не ве одмина о, свети следбеници Христови,
нечистотијата и скверноста на човековото мудрување
ги заменивте со светоста и нетленоста на идниот живот:
Конкордијо, Иринее и Авундие, од каде
радост молитвена сега со нас споделувате
во слава Божја, и за спасение на нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
Христов маченик
Иполит и други со него
13 август / 26 август

Голема е славата твоја на Небесата
Иполите свети Христов мачениче
кој допрен од благодатта Господова
го соблече стариот човек и се облече
 во Христа Кој тебе те повика.
Преку таа капија Господ и сите твои
по тело ги помина, по твоите свети молитви
на кои и ние денес се надеваме,
чествувајќи го споменот на твоето страдање.

 
*Со него завршија маченички
и осумнаесет негови домашни


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Конкордија, Иринеј и Авундиј
13 август / 26 август

Наградата на Царството Небесно
не ве одмина о, свети следбеници Христови,
нечистотијата и скверноста на човековото мудрување
ги заменивте со светоста и нетленоста на идниот живот:
Конкордијо, Иринее и Авундие, од каде
радост молитвена сега со нас споделувате
во слава Божја, и за спасение на нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот отец
Тихон Задонски
13 август / 26 август

Кон Господа Кој те возљуби
ти твојата душа и срце ги насочи, о Тихоне пастиру Божји,
а мислите да дадеш сѐ, само Бисерот скапоцен да го купиш,
се развеаја секому угодувајќи,
од благодатните дарови раздавајќи.
За нас сега моли се преподобен оче
од твоето небесно сокровиште:
радост на радосните, плач на плачливите,
утешител на угнетените – достојнославен пријател Божји.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобната мајка
Ксенија
13 август / 26 август

Блажена мајко Ксенијо преподобна,
Спасителот гледајќи на милостивоста и кротоста твоја,
 уште за време на земниот живот, богато душа ти украси
и срце исполни со дарови благодатни,
а сега радувајќи се во славата Божја
моли се преподобна, Милостив да биде
и за нашите души обременети.

 
*Царица Ирина


 

Извор МПЦ – ОА

Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 26/08/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

 

 

 

Пренос на моштите на преподобен Максим Исповедник. Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изродила од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдел Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврделе дека Он има една волја. Свети Максим се спротивставил на тоа тврдење и се нашол како противник на царот и на патријархот. Но не се исплашил, туку докрај истрајал во докажувањето дека Господ Христос имал две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржал еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисале учењето на монотелитите. Страдањето на свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затворан, а најпосле му ги отсекле јазикот и раката и го осудиле на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години поминал во затвор, па Му ја предал својата света душа на Бог во 666 година. На овој ден се празнува преносот на неговите мошти од Колхида (Грузија) во Константинопол.