ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на
светиот праведен Евдоким
31 јули / 13 август

Оној Кој те повика од земјата кон
Небесните населби,
Тој и по смртта го сочува неповредено телото твое,
о свети Евдокиме
ти во целомудреност и чистота
блажено си живеел,
неосквернувајќи ја плотта.
Затоа смелост имајќи пред
Христа Бога, моли Го за нашето спасение.
Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот праведен
Јосиф Ариматејски
31 јули / 13 август

„Како да те допрам о Господи“, зборови
неми кои одек добија низ вселената,
зборови едноставни кои душа и срце
ти возведоа на Небесата.
И ние денес со усти неми,
но радост неискажлива, го чествуваме
споменот твој Јосифе праведен,
следбенику на Бога Живиот,
и своите души за спасение на
твоите молитви ги калемиме.




Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова маченица
Јулита
31 јули / 13 август

“Ако и телото дозволам да ми согори”
пееше Јулито света, а „ Љубовта ја изгубам ништо не сум“.
Но љубовта за тебе беше Женикот на душата твоја
 Кој цела те сочува недопрена
од стихиите на овој свет во слава Негова,
а за спасение наше кои се радуваме
на твоите, света гулабице Господова,
смирени молитви.



 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Од Верскиот календар на МПЦ (13.08.2023)

sv.kliment.ohridski.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Свети Евдоким    

sv.Evdokim.jpgРоден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829 г. – 842 г.) Евдоким беше млад офицер во војската. Но и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше да зборува со која и да е жена освен со мајка му; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше суетни забави и празнословие. „Сред метежот и суетата на светот, како крин меѓу трње и како злато насред оган“. Заради неговите необични добродетели царот го постави за војвода кападокиски. На таа висока положба Евдоким се грижеше да биде праведен пред Бога и кон луѓето. Но по Божја Промисла се упокои рано, во својата триесет и трета година. Неговите мошти се пројавија како целебни. Еден полуден човек се допре до неговиот гроб и оздраве, а и едно фатено дете се крена и стана здраво. По осумнаесет месеци неговата мајка го отвори ковчегот и го најде неговото тело како живо, без каков било знак на распаѓање. А од телото на светителот излегуваше прекрасен мирис. Подоцна моштите му ги пренесоа во Цариград и ги погребаа во новата црква на Пресвета Богородица, усторена од благочестивите родителите на овој праведен Евдоким.

 

 

 

Свети Јосиф од Ариматеја    

Благообразниот Јосиф, богатиот човек, член на еврејскиот Синедрион и потаен следбеник на Христос (Матеј 27, 57; Јован 19, 38). Го симна Христовото тело од крстот и заедно со Никодим го положи во својата гробница. За ова беше окован од Евреите и фрлен во затвор. Но таму му се јави воскреснатиот Господ и го увери во Своето воскресение. Потоа Евреите го пуштија од затворот и го протераа од татковината. Тој тргна да го проповеда Христовото Евангелие по светот, а таа вест ја донесе и во Англија, каде што се упокои во Господ.

Светата маченичка Јулита

Од Кесарија Кападокиска. Со соседот имаше спор околу имотот, па тој појде на суд и објави за Јулита дека е христијанка, што за тоа време значеше да биде фрлена надвор од законска заштита. Света Јулита попрво се откажа од имотот одошто од верата. Но злобните незнабожци не ја оставија мирна ни после ова, туку ја мачеа и најпосле ја изгореа во оган, во 303 година. Оваа следбеничка на Христа ги даде имотот и телото за да си ја спаси душата за вечноста.