ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот маченик Христов
Јустин Философ
1 јуни / 14 јуни

Како птица која го прелетува морето,
така ти Јустине свети ја надмина мудроста на овој свет,
дознавајќи дека вистинско спознание се добива само со молитва,
трагајќи по философијата по Бога,
научи дека крајната мудрост е да стигнеш до срцето,
круна на спознанието е дарот на расудувањето,
а мајка негова е љубовта со која се освојува сечија душа.
О богомудри философе,
моли се за секој кој е заплеткан во мрежите на многуговорливоста,
да ја спознае главата на мудроста,
а тоа е Христос – Патот, Вистината и Животот.

 

Извор МПЦ - ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Православен календар за 14/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово