Повардарска епархија
3 h  ·
Почитувани,
Ве известуваме дека во рамките на осмото учество на Македонската православна црква на годинешниот 32-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 08. 09. 2020 година до 14. 09. 2020 година за прв пат на отворено пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.