Во рамките на манифестацијата “Недела за заедничка молитва” во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), денес во Порта Македонија се одржа трибина на тема „Младите и религијата“.

 

Во рамките на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ЗАЕДНИЧКА МОЛИТВА” во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), денес во Порта Македонија се одржа трибина на тема „Младите и религијата“. На трибината пред повеќето присутните гости, меѓу кои свое присуство зедоа преставници на верските заедници и религиозни групи, универзитетски професори, младински организации, студенти и пред преставници на медиумите беа презентирани резултати од спроведено истражување на јавното мислење врз младата популација во градот Скопје за прашања од верска природа.

По воведно поздравно обраќање на Директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, м-р Даријан Сотировски, за наодите и резултатите од спроведената анкета свои излагања пред присутните имаа: проф. д-р Зоран Матевски, професор на Институтот за социологија на Филозофски факултет при УКИМ и директор на Центар за интеркултурни студии и истражувања на Филозофски факултет; проф. др. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за меѓународна соработка на Православниот богословскиот факултет; др. Коста Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и м-р Алберт Хани, директор на Регионална канцеларија за младинска соработка – РИКО.

По официјалниот дел беше отворена дискусија со присутните.

 

Извор:http://kovz.gov.mk/ns-newsarticle-se-odrza-tribinata-mladite-i-religijata.nspx?fbclid=IwAR1T36-Fni-DZkFhRn61PHaCf3JJ0NgZDaO8X1J4xWQCTFF5_4aXFwB_Dmw