П.  Што е покајание?      
О.  Покајанието е тајна преку која ни се дава опростување на гревовите направени по крштението, со посредување на архиереј или ереј.
      
П.  Која е материјата на оваа тајна?      
О.  Гревовите  направени  со мисла, збор или  дело 55и самиот човак којшто се кае за своите гревови напра- вени по крштавањето.
      
П.  Која е формата?     
О.  Разрешување од свештеникот со зборови: Господ и Бог Исус Христос, со благодатта и ми-лосрдието на своето човекољубие...” и понатака.
      
П.  Кој е вршител на оваа тајна?      
О.  Свештеникот. 
     
П.  Што треба да внимава свештеникот при вршење на оваа Тајна?      
О.  Да извиди седум работи: 1) кој, 2) што, 3) каде, 4) со чија помош, 5) поради што, 6) како и 7) кога,  т.е. кој се кае? Човекот православен христијанин, стар, женет, девственик, разумен. Што направил, т. е. згрешил против,  ја прекршил Божјата заповед, во што и во што... Каде, односно на какво место (в црква, дома, тајно или јавно)? Со чија помош т. е. со совет, по покана, по принуда, по пример или самоволно? Поради што? Поради природна потреба, нужда и во кое време, во глад или нужда, во немоќ или задоволство, во богатство итн.? Потоа расудува за сето тоа и му налага соодветна епитимија.   
   
П.  Како се покаја Јуда?   
   
О.  Тој го исповеда својот грев и ги врати сребре- ниците, но очајувајќи за своето спасение „отиде и се обеси” и не доби простување зошто не сакаше да се моли и да бара простување за својот грев со надеж на милосрдието Божјо.  
  
П.  Добро ли е да се простуваат јавните грешници?      
О.  Не е добро, освен ако тие коишто јавно згре- шиле и јавно не се покајат. Ако пак таков човек со искрено покајание му се исповеда на свештеникот, тој разумно ќе постапи.   
   
П.  Во што се состои епитимијата?   
   
О.  Главно правило и својство на епитимијата е според Христовите зборови: Оди и повеќе не греши. Но притоа свештеникот одредува: поклони, молитви, пост.    
  
П.  Доби ли разбојникот епитимија?      
О.  Да.  
   
П.  Каква?      
О.  Беше распнат на крстот и му беа скршени ко лената.  
    
П.  Со што се свршува оваа тајна?      
О.  Со простителната молитва што ја чита свеште никот.  
    
П.  Од кого има сила оваа тајна да ги простува гревовите?      
О.  Од Христа нашиот Спасител.     

П.  Каде може да се види пример на епитимија?      
О.  Во Евангелието - во епитимијата на Закеја, којшто се покајал за тоа што згреши. 
     
П.  Колку елементи содржи во себе епитимијата?    
О.  Три: 1) тага поради грвот,  2) усмена исповед и 3) епитимијата определена од духовникот.  
    
П.  Се простуваат ли секогаш гравовите кога за нив правилно се покајуваме?      
О.  Секогаш: во часот кога грешникот со срдечно скрушение ќе повика ќе биде услишен од Господа, како што  беше услишен Митарот, Закеј, Манасија, Давид, блудницата итн.
 

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995