П.  Што е миропомазание?      
О.  Миропомазание е тајна со која се излива благодатта на Светиот Дух врз новокрстениот.  
    
П.  Со каква материја се врши оваа тајна?     
О.  Со миро осветено од православен архиереј. 
     
П.  Каква е формулата?      
О.  Зборовите: Печат на дарот на Светиот Дух, амин.
      
П.  Што е потребно да се внимава во оваа тајна?      
О.  На мирото да не му биде повредена благодат- та. Ова миро не може да го освети обичен свештеник, туку архиереј и секој свештеник е должен да има миро осветено од архиереј.
     
П.  Од што се прави светото миро?      
О.  Од дрвено масло и други видови тревки и масла. 
     
П.  Каква благодат стекнуваме со миропомазанието?      
О.  Се запечатуваме со дарот на Светиот Дух за да бидеме тврди и постојани во верата и во сите христи јански добродетели.
     
П.  Што да се прави со православните хрис- тијани коишто отстапиле од својата вера и поживе- але во неправославна вера, како, на пример, магоме- танска или еврејска и јазическа, и ако пак сакаат да се обратат на православието, потребно ли е тие пак да се крстат или не е потребно?      
О.  Не е нужно да се крстат, туку само да се помазат со миро при што присоединетиот е должен да иска- же одрекнување од својата заблуда.
      
П.  Се дава ли оваа тајна по вторпат?      
О.  Им се дава на царевите при стапување на царството.

 

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995