П.  Што е крштение?      
О.  Крштение е миење на првородниот грев, а кај возрасните и личните гревови. 
     
П.  Што ни донесува крштението?      
О.  Ни ги отвора дверите на царството небеско.   
   
П.  Каква е материјата со која се изведува оваа тајна?      
О.  Обична, чиста вода со ништо непомешана.    
  
П.  Која е формата на оваа тајна?      
О.  Следниве зборови: „ Се крштева работ Божји  (или рабинката Божја) (се кажува името), во Името на Отецот, Амин и Синот, Амин и Светиот Дух, Амин. Амин, го вели кумот.
      
П.  На што треба да се внимава во оваа тајна
?      
О.  Кумот и свештеникот да се од православната католическа вера.
      
П.  Може ли обичен човек да крсти дете?      
О.  Може, но само во преголема крајна и смртна нужда, употребувајќи вода и велејќи ги зборовите: Се крштева работ Божји... итн
.      
П.  Дали во таков случај свештеникот е должен повторно да го крсти детето и да ги врши кршталните молитви и обреди?      
О.  Повторно да се крштава не е потребно, но неопходно е да го помаза со миро со одреденото чинопоследование. 
     
П.  Може ли оваа тајна да се повторува?      
О.  Не.
      
П.  Зошто ние се раѓаме во грев?      
О.  Затоа што кога Адам згреши, тогаш и ние згрешивме со него, зашто како родени од него, постанавме грешници. 
     
П.  Како ја стекнуваме благодатта Божја во крштението?      
О.  Со очистувањето на прародителскиот престап и со очистувањето на подоцнежните гревови напра- вени до крштението човекот постанува син Божји и наследник на благодатта на Светиот Дух. 
     
П.  Можно ли е во една вода да се крстат повеќе деца?   
   
О.  Можно е, како што е тоа укажано во житијата на светите, особено во житието на свети маченик Севастијан (види Мин. 18 декември) . 
     
П.  Што е потребно да внимаваме по тајната на крштението?    
  
О.  Бидејќи по крштението постанавме синови Божји, ние се одрекуваме од сите ѓаволски дела и ветивме дека ќе му служиме на Христа; според тоа сме должни до последната воздишка да го вардиме тоа што го ветивме на крштението. 
     
П.  Колку вида крштенија има?      
О.  Три:
 
1) со вода,
2) со желба и
3) со крв.
 
Со вода се крштаваме според одредбата Христова, со желба и со крв се крштаваме преку мачеништвото при што го стекнуваме царството небеско поради нашето исповедување на Христа вистинскиот Бог и поради на шето  страдание.  Исповедувањето  и страданието придружени со желбата за крштение го заменува водното крштение во часот на смртта на маченикот.