Kliment.Vencavka.jpg

БРАК

За да биде љубовта на мажот и жената совршена каква што ја создал Бог, таа мора да биде единствена, неуништлива, бескрајна и божествена. Господ не само што го подари ова учење, туку дава и сила тоа да се оствари во тајната на христијанскиот брак во Црквата. Во него на мажот и жената им се дава можност да станат еден дух и едно тело, што е невозможно да се достигне само со човечката љубов. Христијанскиот брак, склучен на земјата, со силата на Светиот Дух не се прекинува со смртта, туку во совршенство продолжува во Царството Божјо.

Долго време во Црквата немало посебен брачен обред. Црквата едноставно го признавала единството на сопружничкиот пар, и со примање на светите тајни бракот станувал христијански, т.е. стварен лик на Божествената љубов, единствена и бесмртна.

Кога во Црквата била разработена посебна служба за тајната на бракот, како нејзин пример послужи крштавањето. Кон тие што се венчаваат се обраќаат исто како и кон тие што се крштаваат. Тие ја исповедуваат својата вера и љубов кон Бога. Нив ги воведуваат во храмот во свечена поворка. Над нив се молат и ги благословуваат. Тие го слушаат словото Божјо. Нив ги венчаваат со венци на славата Божја како наследници на вечниот живот од Неговото Царство. И тие го завршуваат својот брак така како што се завршуваат и сите тајни: заедничко примање на Светата Причесна.

Kliment.Vencavka.jpg
Тајната на бракот не е склучувавање на правен договор, во неа не се содржат било какви клетви и заклетви, во суштина тоа е крштавање и мирпомазување на човечката љубов со Христа во Светиот Дух.

Природно е што православната венчавка е возможна само за тие кои веќе и припаѓаат на Црквата, т.е. за луѓе што се крстени и коишто се причестуваат. Но, сепак, земајќи ја во предвид трагедијата на христијанското разединување во современиот свет, се допушта црковно венчање на православен со крстен неправославен христијанин, со надеж дека тие ќе можат да дојдат до потполно единство во Христа.

Уверението дека човечката љубов како подржување на божествената, треба да внесе во создавањето и грижа за другите, не значи дека раѓањето на децата во суштина е единствената цел на бракот и исклучително и единствено оправдание и озаконување на неговото постоење. Не значи ни дека сопружниците без деца не можат да живеат со вистински христијански живот. Меѓутоа, свесната одлука на сопружниците да немаат семејство - од причини за личен комфор и удобност, желба за луксуз и слобода, страв од одговорност. одбивање да се дели матерјалниот имот. нетрпеливоста кон децата итн., - не е христијанска и во никој случај не може да биде во склад со библиското, моралното и светотајнското учење и искуство на Православната црква за значењето на животот. љубовта и бракот.

Во светлината на овие разгледувања за бракот. контролата на раѓањето на децата е многу деликатна работа, која во начало не се оправдува и се смета возможна само со највнимателно испитување на совеста, со молитва и со пастирско водство.

Абортусот е строго забранет во Православната црква и не може да се оправдува на никој начин, освен ако постои голем ризик за смртност, или со најдлабоко покајание во случаеви како што е непоправливо нарушување на здравјето на мајката или можност на смрт при породувањето. Во таквите исклучителни случаеви мајката мора сама да донесе одлука, и сите мораат да бидат спремни поради тој чин да застанат пред Господа барајќи ја Неговата божествена милост.

 Kliment.Vencavka.jpg
Томас Хопко - СВЕТИ ТАЈНИ

Лето Господово 2011