Божествена Литургија, Недела 15 Мај
(Недела на раслабениот и празникот на Св.Атанасиј Велики)

На почетокот на Литургијата, по Благословено е Царството, Свештеникот го пее Тропарот: Христос Воскресе 2 и половина пати, а Хорот завршува: исушчим во гробјех живот даровав.   И потоа Мирната Ектенија. (вака се до Отдание на Пасха)

На Входот: Спаси не Сине Божји, ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ...

Тропари и Кондаци

Воскресниот тропар, гл.3
Да се веселат небесните, да се радуваат земните, зашто Господ со Својата сила се покажа како Господар  и со смрт ја сотре смртта, првенец од мртвите постана, од утробата на адот не избави и на светот му подари голема милост.

Тропар на Св.Атанасиј Велики, гл.3
Ти си бил столб на Православието, утврдувајќи ја Црквата со божествените догмати, свештеноначалнику Атанасие; проповедајќи Го Синот, Кој е едносуштен на Отецот, си го посрамил Арија. Преподобен оче, моли Го Христа Бога да ни дарува голема милост.

Кондак на Св.Атанасиј, гл.2
Откако го насеа православното учење, го исече трњето на погрешното учење и го умножи семето на верата, со Духот поросено. Затоа те воспеваме, преподобен Атанасие.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух

Кондак на Празникот, гл.3
Мојата душа, Господи, од најразлични гревови и неумесни дела луто раслабена, воздигни ја со Твоето божествено застапништво, како што и раслабениот во дамнина си го издигнал, за спасен да Ти повикувам: Слава штедар Христе на Твојата сила!

И сега и секогаш и во вечни векови, амин.

Кондак на Пасха, гл.8
Иако во гроб Си слегол Бесмртен, Ти адската сила Си ја урнал и Си воскреснал како Победник, Христе Боже. На жените мироносици им рече 'радувајте се', и на Твоите Апостоли мир им подари, на паднатите пак, Воскресение им даваш.

Прокимен за оваа недела(2)
Чтец: Прокимен Гл.1: Нека биде, Господи, милоста Твоја на нас, онака како што се надевавме на Тебе.
Хор: Нека биде, Господи, милоста Твоја на нас, онака како што се надевавме на Тебе.
Чтец чита СТИХ: Радувајте се праведни во Господа, на праведните им прилега пофалба.
Хор: Нека биде, Господи, милоста Твоја на нас, онака како што се надевавме на Тебе.
Чтец : Прокимен гл.7: Скапа е пред Господа смртта на Неговите светии. (за Св.Атанасиј)
Хор: Скапа е пред Господа смртта на Неговите светии.

(Овде ќе додје информацијата за  Апостолот и Евангелието, т.е. која глава се чита)

Алилуја и стихови за оваа недела
Чтец: Алилуја глас 5-ти Милоста, Твоја, Господи, вечно ќе ја воспевам, од род во род ќе ја разгласувам со устата своја Твојата вистина.
Хор: Алилуја, Алилуја, Алилуја.
Чтец чита СТИХ:  Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата вистина.
Хор: Алилуја, Алилуја, Алилуја.
Чтец : Алилуја гл.2 : Твоите свештеници нека се облечат во праведност и Твоите светии нека се зарадуваат. (за Св.Атанасиј)
Хор: Алилуја, Алилуја, Алилуја.

Задостојник
Наместо Достојно, се пее „Ангел Вопијаше“ и „Светисја Светисја“.
Ангел вопияше благодатней, Чистая Дево радуйся, и паки реку, радуйся: Твой Сын воскресе тридневен от гроба, и мертвыя воздвигнувый, людие веселитеся.
Светися, светися, новый Иерусалиме: слава бо Господня на тебе возсия, ликуй ныне и веселися, Сионе. Ты же, Чистая, красуйся, Богородице, о востании Рождества Твоего.


Причастни:

Тјело Христово приимите, Источника бесмертнаго вкусите.
Хвалите Господа с небес, хвалите Јего в вишњих. Алилуја, Алилуја, Алилуја.


 На крајот од Литургијата, се следниве промени:

Кога Свешт ќе рече: Спаси ги Господи Твоите луѓе и благослови го твоето наследство....
Хор: наместо „видјехом Свјет истини“ го пее тропарот ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ еден пат.

Потоа, после овој возглас на Свештеникот: Слава ти Христе Боже наш, надеж наша, слава Ти,
Хорот пее: тропар ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ трипати, а потоа Слава...и ниње..Амин, Господи помилуј -3 пати, оче благослови.

На самиот крај, кога Свешт. ќе отпее:  Христос воскресе из мертвих, смертију смерт поправ,

Хорот довршува: И СУШЧИМ ВО ГРОБЈЕХ ЖИВОТ ДАРОВАВ. И НАМ ДАРОВА ЖИВОТ ВЈЕЧНИ. ПОКЛАЊАЕМСЈА ЈЕГО ТРИДНЕВНОМУ ВОСКРЕСЕНИЈУ.