sv.Siluan.Atonski1.jpg

ДА ГИ СЛУШАМЕ ДЕЦАТА

 


Кога разговараме со своите деца треба навистина да ги слушаме. Понекогаш возрасните христијани само на едно уво ги слушаат децата, доколку тие не зборуваат за Бог. Но, би требало со внимание и молитва, да се сослуша се што детето сака да ни каже, за да би го Бог благословил со Својата благодат секој вид од неговиот живот. Тоа не значи дека детето може секогаш да да не прекине и да бара да му се посвети внимание, кога тоа го сака тоа, но мораме да разбереме колку време и енергија треба да посветиме на разговор со децата. Дури и кога сме многу зафатени, би морале да почувствувме дали прашањето на детето е доволно сериозно за да не прекине во она што го работиме, бидејќи е можно повторно да не ни се укаже прилика да одговориме на тоа прашање. 
 
Понекогаш на некое клучно прашање подобро е да се одговори така што да изгледа дека одговорот е даден онака патем, без размислување; вака би требало да постапуваме со децата кои се повлекуваат пред сериозните теми. Тоа не е никаква глума, бидејќи нашето срце кое се моли, не упатува како да зборуваме на корист на детето.
 
Кога му одговараме на детето, одговорот треба да му го даваме токму него, а не на присутните возрасни кои се забавуваат или се трогнати од она што детето го кажува. Многу е важно навистина да се разговара со детето , без обѕир на тоа колку разговорот е прилагоден на неговот степен на развиеност.  Возрасните не треба да покажуваат дека ги забавува детскиот начин на изразување,  доколку тоа  може го го расипе разговорот. Постои време за смеа, а постои и време кога треба да се внимава да не правиме забава од сериозните прашања или објаснувања.

 


Од книгата: „Васпитајте своје дете“ од Сестра  Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist Tolleshunt Knights, Essex)

 

Друго: