3.angeli.so.truba

Стихови:
Ако адот или клучевите на гробот не те задржаа, Како можат, Спасителу, клучеви на врати да го спречат
Твоето влегување?

Во овој ден, во Втората недела по Пасха, го празнуваме Обновувањето на Христовото Воскресение, и допирањето на апостолот Тома. Кај древните луѓе имаше обичај да се празнува обновувањето на некој значаен настан. Кога ќе заврши кругот на една година, истиот ден кога тој настан се случил, се правеше неговиот годишен спомен, за да не паднат во заборав големите дела. Затоа Евреите Пасхата ја прославија најнапред во Галгала, обновувајќи го споменот на преминот преку Црвеното Море. Потоа тие свечено ја прославија Скинијата на Сведоштвото; потоа царувањето на Давида и на други настани што нема да ги приведувам во детали.

3.angeli.so.truba

Но, од сите значајни настани од животот на Господа, го славиме најголемиот, оној што надминува секаков ум - Воскресението на Господа; и ние го славиме не само секоја година, туку и секој осми ден. Првото, значи, празнување, односно обновување на овој настан е токму оваа недела, која со право можеме да ја наречеме и осми и прв (ден). Осми - во однос на Пасха, а први - како почеток на сите други. Осми ден се именува уште и затоа што тој ден е слика (образ) на оној бесконечен ден во идниот век, кој ќе биде прв и единствен, бидејќи нема да биде прекинуван од ноќта. Тоа беше во врска со Обновувањето.

А што се однесува до Тома, тоа се случи вака: Кога Христос им се јави на учекиците вечерта од истиот ден кога Он воскресна, Тома не беше со нив, поради страв од Јудеите. Кога Тома дој де малку подоцна, дозна за Христовото доаѓање, но не им поверува на учениците ниту во тоа дека тие Го виделе, ниту во тоа дека Господ воскреснал и, како таков, беше единствен меѓу учениците. Колку е Бог мудар! Грижејќи се само за еден, Својата спасоносна промисла ја проширува на сите и, за да ги утврди во верата оние што ќе дојдат подоцна, Он чека осум дена за да дојде повторно меѓу нив, од една страна да ја засили љубовта Томина, а од друга страна, со неговото неверие, на сите да им даде посовршена вера во Неговото Воскресение. И, кога вратите беа заклучени како и првиот пат, а и Тома беше со нив, влезе и им го даде Својот мир, како што тоа го правеше Он вообичаено, па му рече на Тома: Принеси го овде твојот прст, и види ги рацете Мои; принеси ја и Твојата рака, и стави ја во Моите ребра, и не биди неверен, туку верен, зашто ти треба да веруваш не само поради тоа што го виде, затоа што ти се јавив, туку, бидејќи живееш во тело, да се сеќаваш на тој допир. (Со тоа Он покажа дека, кога Тома им зборуваше на другите ученици, Христос беше таму, и слушаше). Стави ја твојата рака во Моето ребро! Тоа значи дека раната на реброто беше доволно широка за да може раката да влезе во неа. Откако Тома испита грижливо и преку допирот поверува (иако телото Христово беше нераспадливо и обожено), со сигурност извика: Господ мој и Бог мој! Едното - поради телото, другото - поради божеството. А Христос му рече: Ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние што не виделе, а поверувале.

3.angeli.so.truba


Тома се именува Близнак (Дидим) или поради тоа што е роден со некој друг, или затоа што се посомневал во Воскресението, или затоа што е роден со два споени прста на десната рака, односно средниот и оној што е до него, наречен показалец. Можеби некој рекол дека тој требаше да се посомнева, па потоа со тие прсти да Го допре. Според други, а тоа е и најточно, Тома едноставно значи „близнак“.
Тоа беше второто јавување на Христа. Третото се случи на Тиверијадското Езеро, за време ловењето риби, кога Он вкуси храна, која беше согорувана од божествениот оган, на начин што само Он го знае, за да го потврди Своето Воскресение. Потоа се јави на патот за Емаус. Петтото јавување беше во Галилеја. Како што се вели, Он се јавил единаесет пати до Неговото Вознесение, правејќи бројни натприродни чуда пред учениците, по Воскресението, без да ги покаже на мнозина, но евангелистите не можеа да ги забележат сите, бидејќи не беше можно да бидат прашувани мноштвото луѓе кои живееја на овој свет, за овие натприродни настани. По молитвите на Твојот апостол Тома, Христе Боже наш, помилуј не, амин.

apostol.toma2.jpg

Извор: ЦВЕТЕН ТРИОД

Друго: ПОСЕН ТРИОД

 

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

 Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 3.angeli.so.truba

 

 

 Друго: