Ilust.zadete2.jpg

Ilust.zadete.jpg

 

 Во еден мал град живееше момче по име Лазар, кое секое утро, точно во 7 часот доаѓаше пред црквата. Штом ќе се отвореа црковните врати, Лазар трчаше до олтарот, се прекрстуваше, стоеше така момент или два, па ќе се свртеше и отрчуваше во училиштето.  Еднаш старешината на црквата го праша Лазар како се моли и каква молитва користи. Лазар рече дека тој само вели: - Добро утро Исусе Христе, дојдов да Те видам. - И тоа е се? - праша свештеникот. - Се! - одговори Лазар, и набрзина замина на училиште.  Момчето и понатака доаѓаше во црквата, кратко стоеше пред иконата Христова и потоа набрзина заминуваше.  Но еден ден тоa не дојде. Истото се случи и следниот ден... и така со денови. Свештеникот се загрижи за Лазар, па отиде да го побара во неговото училиште. Таму му кажаа дека Лазар доживеал сообраќајна несреќа и дека лежи во болница со многу тешки повреди. Свештеникот се упати во болницата, каде дежурната сестра му рече дека Лазар е во одделението за трауматологија. Потоа му раскажа дека сите во бoлницата се многу зачудени бидејќи и покрај тешките повреди и силните болки, Лазар е весел и го развеселува целото одделение, во кое инаку лежат најтешко болните.  Кога свештеникот влезе, беше зачуден колкава е радоста во таа соба, и покрај болките кои очигледно сите ги чувствуваа. Лазар весело се насмеа и го поздрави збунетиот свештеник.  За време на разговорот свештеникот го праша: - Лазаре, на што се радуваш толку? - На Исуса Христа! - одговори Лазар. - Како тоа, па ти повеќе не доаќаш во црквата, не се молиш пред иконата на Господ наш Исус Христос? - праша свештеникот. - Да - одговори момчето смеејќи се, - но сега Исус Христос секое утро доаѓа кај мене и ми вели: ДОБРО УТРО ЛАЗАРЕ, ДОЈДОВ ДА ТЕ ВИДАМ.

Кога свештеникот го слушна тоа, се му стана јасно, и повеќе ништо не прашуваше. Се радуваше заедно со Лазар.

 

Ilust.zadete1.jpg

Извор: Бигорски манастир