ГЛАВА III

Новиот Адам:
Овоплотувањето

vozdvizenie.jpg

А) БЛАГОВЕЦ (БЛАГ0ВЕШТЕНИЕ)

Да ја погледнеме иконата на празникот. Што гледаме? Еден ангел слегува од небото кон една девојка за да и ја пренесе „Благата Вест". На грчки и на црковнословенски јазик празникот Благовец се вика „Блага (радосна) вест" (Евангелизмос — на грчки и Благовештение — на црковнословенски).
Всушност, ангелот Гаврил и ја кажува на Марија иајголемата од сите вести, почетокот на нашето спасение: Синот Божји станува Син Човечки!

Тропар на Празникот:
Денеска започнува нашето спасение
И се открива вековната тајна
СинотБожји Син наДевојка станува
И Гаврил благодат благовестува.
Затоа и ние со негода и воскликнеме на Богородица:
„Радувајсе, благодатна,
Господ е со Тебе!"

Ние го проучивме создавањето на светот, создавањето на човекот по образ и подобие Божјо, а потоа падот. Како да се возобноват вистинските односи меѓу Бога и човекот? Како повторно да се најде загубениот образ, да се постигне подобието (сличноста) со Бога?
Одговорот ќе го даде Бог: Он ќе продолжи да разговара со човекот преку пророците што ќе ги издигне од средината на еврејскиот народ; Он ќе му го вети Месијата, а овој народ, и покрај бројните неверства, ова ветување го носи со вера и живее во очекување и надеж.
За да го илустрираме ветувањето на Бога, да го читаме текстот од Битието што Црквата ни го предлага на размислување (медитирање) за време вечерната на Благовец: Скалата на Јаков (Битие 28,10—17).

СКАЛАТА НА ЈАКОВ

„И ете, ед на скала стоеше на земјата, а со врвот го допираше небото и ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа!" (Битие 28,12).
Земјата, тоа сме ние, небото е Бог и двете се поврзани. Пак да се вратиме на иконата: ангелот слегува од небото кон Марија, неговите крилја уште треперат од слегувањето. Крилјата го симболизираат потеклото на весникот: тој доаѓа од небото од страна на Бога. Еве го првото остварување од сонот на Јаков. Ќе ги има уште многу други за кои ќе бидеме сведоци, заштосамиот Исус ни го ветил тоа: „Вистина, вистина, ви велам, ќе го видите небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки" (Јован 1, 51). Бог му рече на Јакова: „Сите народи на светот ќе бидат благословени во тебе и во твоето потомство" (Битие 28,14).
Потомството Авраамово, Исаково и Јаковово, тоа е Исус. Свети апостол Павле не учи: „Но ветувањата му беа дадени на Авраама и на неговото потомство. Светото писмо не вели: „и на потомствата", како да се работи за повеќе; тоа посочува само едно: и на твоето потомство, кое е Христос" (Галатјаните З, 16).
Кога Бог се овоплотува, зема тело, небото и земјата се соединуваат. Зашто Он е вистински Бог, второто Лице на Света Троица, Он седи на небото од десната страна на Оца и Он е истовремено вистински Човек, вториот Адам, како што го наречува свети апостол Павле (Адам — човек, значи направен од земја, бидејќи е земен од земја: спореди Битие 2,7). Но за да се исполни ова чудо, потребно е човекот да Го прими Бога. Марија е тој прием, кога таа доброволно се согласува да Го прими Бога во својата утроба. Еве го нејзиниот одговор: „Јас сум слугинката Господова; нека ми биде споредтвоите зборови" (Лука 1,38).
Ние сфаќаме зошто во нашите црковни песни Мајката Божја е наречена Јаковова Скала, затоа што Таа е врската меѓу небото и земјата. На друго место, Таа е наречена Небеска врата, бидејќи преку неа Бог влегува меѓу луѓето во личноста на Исуса. Затоа Благовештението обично се претставува на царските врати од иконостасот9, кои ги симболизираат вратите од Царството Небеско.


Б) БОГОРОДИЦА НА ЗНАКОТ

Тоа е една икона на Марија забременета, наречена Богордица на Знакот, бидејќи го илустрира пророштвото на Исаија:

Чујте сега, доме Давидов!..
Самиот Господ ќе ви даде знак.
Ете девојка ќе затрудни
и ќе роди син
и ќе го нарече Емануил (Бог е со нас). (Исаија7,13—14).

Ова пророштво се исполни во денот на Благовештението. Навистина, Девојката ја прима веста на ангелот со својата согласност, што на латински го именуваат „Фиат — на Марија". Фиат на латински значи: „Нека биде", тоа е одговорот на Марија што му го дала на ангелот; нејзиното „да" за да стане Мајка Божја. Без ова доброволно прифаќање, Бог не би можел да стане човек. Он не би можел да се овоплоти, зашто Бог никогаш не присилува ничија совест и Он секогаш чека човекот слобод но да даде од говор. Слободата на секој од нас останува целосна за да Му одговори на Бога со нашето согласување во љубовта. При секое читање „Оче наш": „Да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата" ние Му одговараме на Бога, по примерот на Марија; секогаш кога во нашите молитви велиме Амин, тоа е нашето „да" на Бога; Он сака тоа Амин да биде кажано без никаква принуда, да биде изговорено само од љубов.
Пред да го прифати нејзиното Божјо мајчинство, Марија го праша ангелот: „Како ќе биде тоа?", зашто не знаејќи за маж, таа не може да си замисли како е можно такво раѓање. Ангелот одговара дека тоа ќе биде од Светиот Дух. На некои икони, Го гледаме Светиот Дух во вид на гулаб, или на еден зрак кој слегува кон утробата на Марија: „Светиот Дух ќе слезе на Тебе и силата на Севишниот ќе те осени."
Веднаш по изговореното „да" на Марија, веста на ангелот Гаврил се остварила:

Единородниот Син Божји.
роден од Оца пред сите векови,
роден не створен...
слезе од небото,
се овоплоти од Светиот Дух
и од Марија Дева
и стана човек. (Символот на верата)

Сега веста на ангелот се совпаѓа со пророштвото на Исаија (ова пророштво е прецизирано со преводот на Седумдесетте преведувачи — Септуагинтата. кои два века пред Исуса Христа еврејскиот збор: алма — млада жена — го превеле со грчкиот збор партхенос — девојка).
Оваа икона на Дева забременета го илустрира исто така и исполнувањето на ветувањето на сите пророци, на патријарсите и на потомството на пред ците Христови:

Господ му се заколна на Давида
И нема да се раскае,
Од плодот на утробата твоја
Ќе поставам на престолот твој. (Псалм 131.11.)

(Овој стих се пее на Литургијата на Блзговец. по првиот антифон, пред входот со Евангелие )

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: проф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/