38125_413968717028_538437028_4831209_6491837_n.jpgАко си Лутеранец, основачот ти е Мартин Лутер, бивш римокатолички монах, во 1517 година.


Ако си Англиканец, основачот ти е кралот Хенри VIII, во 1534 година, затоа што римокатоличкиот папа не му дозволил да се разведе и да се жени одново.


Ако си Презбитеријанец, основачот ти е Џон Нокс од Шкотска, во 1560 година.


Ако си Конгреационалист, основачот ти е Браун Роберт од Холандија, во 1582 година.


Ако си протестантски Епископалец, основачот ти е Семјуел Сенбури, и си огранок на Англиканската црква, во американските колонии во 17-ти век.


Ако си Баптист, основачот ти е Џон Смит, во Амстердам 1606 година.


Ако си припадник на холандската реформаторска црква, основачот ти е Јонас Михелиус, во Њујорк, 1628 година.


Ако си Методист, основачи ти се Џон Весли во Англија, 1774 година.


Ако си Мормонец, основачот ти е Џозеф Смит, во Њујорк, во 1830 година.


Ако си припадник на Адвентистите на Седмиот ден, основачот ти е Вилијам Милер во Батл Крик, Мичиген, САД, во 1863 година.


Ако си од Армијата на спасот, основачот ти е Вилијам Бот, во Лондон, 1865 година.


Ако си христијански сајентист, основачот ти е Мери Бејкер Еди во 1879 година.


Ако си припадник на Назарејската црква, Пентакосталната црква, Црквата на светоста, Јеховин Сведок, и тн. тогаш си припадник на една од стоте религии формирани од човек, пред не повеќе од 100 години.


Ако си римокатолик, твојата црква го делела богатото апостолско наследство заедно со Православната Црква во првите илјада години, до 1054 година. Римскиот папа тогаш решил да се одвои од останатите четири Патријаршии, менувајќи ја притоа догмата на Црквата, и себеси се сметал за непогрешен. Па, тогаш, твојата црква е стара нешто помалку од 1000 години.


Ако си Православен Христијанин, основач ти е Исус Христос, Синот Божји, во 33 година. Од тогаш, таа е непроменета. Стара е скоро 2000 години. Тоа е Едната Света Соборна и Апостолска Црква.

  34751_413969152028_538437028_4831224_4429513_n.jpg


Argireta Ateva