Zoran.sv.Onufrij.jpg

Сестра Магдалена

Смисолот на христијанското воспитание


 Бидејќи ние како Христијани, за секој вид од својот живот сме навикнати да размислуваме во светлината на Божествените заповеди, би можеле своите желби за своите деца да ги изразиме на овој начин: да се воспитуваат христијански децата значи да им се помага да го задобијат она што Светиот Павле  го нарекува “обличје или образ Божји”. На грчки, зборот за  образование е morfosis -  “образување или вообличување” Апостолот Павле говори за Христа Кој, суштествувајќи во обличје Божјо зема “обличје на слуга” (Фил.2,6-7). А како што говорат Светите Оци, “Бог стана човек за да може човекот да стане бог”. Тука можеме да видиме дека постои вземен однос помеѓу образованието и Божјата промисла за нашето спасение. Сѐ што ќе говориме се однесува единствено на ова: каков облик на битие им посакувам на своите деца?
 
 Aко целта на нашето живеење е достигањето на Божествениот живот, тоа значи дека секој момент има исклучително големо значење; на секој вид од нашиот живот треба да му се пристапува мудро. Сепак, човечката мудрост не е доволна за живот по заповедите Христови, без Христа ние не можеме да оствариме ништо Божествено. Бог ни го нуди самиот свој живот и ние заскогаш сме негови созданија, што во пракса значи дека сите ние, а не само духовниците, би требало да го прашуваме Бога што да правиме, што да кажеме и како да го изразиме она што го говориме. Во воспитувањето на децата, познавањето на детската психологија, па дури и префинетото чувствување на своето дете, нема да води кон Вечниот Бог, доколку исто така не ја повикаме со молитва Божествената благодат. Ние мора да се молиме наутро, навечер, во секој момент кога е потребно да ја знаеме Божјата воља, и мора да научиме да го препознаваме Божјото вдахновение. Со помош на молитвата ја постигнуваме највисоката цел: односно да се спасуваме и да им помагаме на нашите деца да го задобијат вечниот живот.

 Децата во христијанскиот дом се подигаат во закрила на бракот. Можеби навраќањето кон бракот би се чинело како оддалечување од темата, бидејќи решивме да говориме за децата, но не е така. Всушност се работи за тоа како правилно да го поставиме темелот, пред да започнеме со ѕидањето на градбата.  Кога родителското сваќање на бракот е искривено или кога на родителите нешто друго им е поважно од сопственото семејство, нивните деца страдаат заради тоа. Второ, децата мораат во своите родители да видат пример и за својот сопствен брак во кој ќе стапат подоцна.

 Во црковните кругови многу често можат да се чујат разговори кои го споредуваат бракот и монаштвото, при што се стекнува впечаток, врз основа на она што го говорат луѓето, дека едни го презираат монаштвото, а други бракот. Децата страдаат, ако нивните родители го запоставуваат бракот и семејниот живот. Затоа би сакала да нагласам дека бракот е еден начин (пат) на човековото спасение. Од расправите кои го споредуваат бракот и монаштвото ретко има корист. Секој мора да го пронајде сопствениот пат на спасението, искајќи од Бога да му го покаже кој пат за него е најдобар – та да го “гради своето спасение” (Фил.2,12) во оние околности кои му се дадени ид Бога. Ние го доведуваме во прашање своето спасение не со тоа што го бираме овој или оној начин на живот, туку што отстапуваме од Божјата промисла за нас лично. Никому не му е дозволено да стане монах затоа што го презира бракот, како што никој не би требало да се жени затоа што го презира монаштвото.
 
 Христовите зборови за монаштвото покажуваат дека тој го смета за начин на живот кој не е достапен на секого (Мт. 19,11). (Зошто е така, тоа е тајна за нас – тајна на Божјата слобода и нашата слобода). Ние го имаме Неговото слово како потврда, Божествена потврда на брачниот живот и благослов да му пристапиме: “Во почетокот на создавањето Бог ги создаде маж и жена. Затоа ќе ги остави човек татко си и мајка си  и ќе се прилепи до својата жена и ќе бидат двајца една плот. Така не се веќе двајца, туку една плот” (Мк. 10:6-9). Првото Христово чудо било претворањето на вода во вино на свадбата во Кана. Од чинот на венчание во нашата Црква гледаме дека ова чудо се смета за знак на Божјиот благослов кон бракот. Самиот Бог му го дал на човечкиот род бракот како света Тајна и начин на живот: што значи дека бракот е пат на спасението, кој води во вечен живот. Христос не го наложил монаштвото како општо правило за сите–Неговата заповест е да го сакаме Бог со сето срце и душа и ум и сила, и нашите ближни како самите себе. Пред христијаните кои веќе се во брак и подигаат деца, не се поставува прашањето: “како да ги намалам своите семејни обврски на најмала можна мера, за да бидам слободен да водам подуховен живот”, туку: “како во закрилата на своето семејство да ја развијам својата љубов кон Бога и ближниот?”.

  Еден оженет човек го прашал духовникот: “Како би можел живеејќи во светот, да се наоѓам во Божјо присуство?” Старецот одговорил: “Чини сѐ како оној кој соработува на Божјо дело”. Да се биде соработник на Бога на задачата/подвигот на бракот и подигањето на христијански деца е величествена и света улога.

 Христијанскиот живот е живот според Бога во три Лица – Живот во заедница со другите. Многу ретко се случува некој да е призван од Бога да оди во пустина, а таквиот и треба да живее со самотен живот. Но, за повеќето од нас, христијанскиот живот значи живот во заедница од еден или друг вид. Та дури и пустиниците обично мораат да поминат многу години, па дури и децении во заедница, пред да почнат да живеат сами. Како што тоа би го рекол старецот Силуан: “Мојот брат е мојот живот”. Сопружникот пак би можел да рече – и тоа би бил единствениот, од богословско гледиште, правилен начин на живот – “мојата жена (мојот маж) и децата се мој живот. Тие се содржина на мојот живот. Живеејќи токму со нив, јас морам да се научам на христолика љубов.” Показател на моето духовно здравје е состојбата во односите помеѓу мене и оние со кои живеам. Ниеден критериум не е поголем од овој. Семејниот живот е мера на христијанскиот напредок за оние кои живеат во светот.

 Сѐ што научите за бракот, сѐ што направите за својот брак, е дело  на спасение на вашите деца, а тоа и не е нешто малку, туку нешто што има буквално вечна вредност.

 Светото Писмо е најдобриот водич за семејниот живот.Топло ви препорачувам секогаш одново да ги читате зборовите на Светите Апостоли на пр. за семејниот живот и сериозно да ги примате, како слово/збор Божји, значајно/ен во секое време. Кога го читаме Светото Писмо треба да се молиме на Бога, како и на писателот на одреденото писание, да ни помогант да го разбереме и да го примениме во својот сопствен живот живот, она што го читаме.  Такви места кои се особено важни има во Првото Послание на Светиот Апостол Петар и во Посланието на Светиот Апостол Павле кон Коринтјаните и Ефесјаните.

 “Бракот нека биде во сѐ чесен и постелата брачна чиста” (Евр.13, 4). Многу луѓе во денешно време гледаат на половите/родните  односи премногу површно. И што е најлошо, и современите морални норми поттикнуваат на сите видови сексуални изопачености и блудничења. Од друга страна пак, постојат луѓе кои се борат за усвојување на христијанскиот поглед на брак, дури во оние најинтимните прашања, а истовремено го оцрнуваат девството. Потоа постојат христијани, брачници, кои му ги ускратуваат на својот брачен другар потполните сопружнички односи за кобајаги да би живееле во чистота.  Меѓутоа, Светитот Апостол Павле вели дека брачниците треба да се воздржуваат еден од друг по заеднички договор и тоа привремено за да можат пособрано да ѝ се предадат на молитвата (1 Кор. 7,5). Понекогаш овој последен проблем – бидејќи истиот создава мноштво проблеми кон секој на кој се однесува – настанува кога некој после венчанието се обрати или повеќе му се приближи на Христа. Светиот Апостол Павел нѐ учи учи дека бракот треба да се одржи, во случај кога оној кој не е верен (неверниот) е волен да го прифати својот сопатник како Христијанин/ка. Во таквиот случај, Христијанинот-брачник има голема одговорност пред Бога во поглед на својот однос кон својот брачен сопатник и семејството.

Вистинското обраќање или духовната преобразба го упатуваат Христиајнинот–брачник да го живее семејниот живот со повеќе несебична љубов, со повеќе желба да го направи животот на својот сопатник попријатен. (Не можеме да земеме поединечни случаи, како што е Светиот Алексеј човекот Божји, за општ пример и углед). На жалост, обично се случува Христијаниот да почне да проповеда, или пак престанува да покажува интерес за било што “светско”. Светиот Апостол Петар вели дека однесувањето на жената Христијанка може и “без зборови”  (1 Петр. 3, 1) да го приведе неверниот маж кон Господ.

Кога примаме откровение од Бога, мораме да се присетиме на Мајката Божја која “ги чуваше овие зборови во срцето свое” (Лк.2, 51).  И како што Мајката Божја бараше потврда од својата роднина Елисавета после чудесната случка на Благовеста, така и ние не би требало сами себе да се раководиме, туку да ја бараме потврдата од својот духовн отец.

На оние кои би сакале да живеат брачно им советуваме да му се молат на Бог, Он да има најде жена или маж, со кој/а би можеле да живеат со христијански живот и да ги подигаат своите деца како Христијани.

 

Од книгата: Васпитајте своје дете од Сестра Магдалена.

Подготви: М.Б.

Друго:

Сестра Магдалена - Прва заповед