vozdvizenie.jpg

Г) ПОКАЖУВАЊЕТО НА СВЕТА ТРОИЦА НА ТАВОР

Последниот стих од евангелскиот расказ зборува за светол облак кој ги прекрил апостолите и од тој облак тие слушнале глас кој велел: „Овој е Мојот Син возљубен, Него послушајте Го." Тоа е гласот на Отецот, оној глас што го чул свети Јован Крстител, за време крштевањето на Исуса на Јордан. Светлиот облак, тоа е Светиот Дух кој ги покрива и штити апостолите, бидејќи без присуството и просветувањето на Светиот Дух, човекот не може да ја набљудува (созерцава) Славата Божја. Преображението е Богојавление, како и Крштевањето на Христа. Апостолите го имале, како и свети Јован, откровението на едниот Бог во три лица: „Отецот зборува, Синот блеска од светлина, Духот покрива со светлиотоблак... "(Проповед на Преображение од св. Петар Пречесниот).
Човекот доаѓа до познавање на Бога во три Лица преку Личноста на Синот.,Никој никогаш не Го видел Бога; Единородниот Син, Кој е во прегратките на Оца, Он го објави" (Јован 1,18). Исус Христос е светлината на Оца и преку Него Светиот Дух дејствува во светот. Кога ние Го молиме Христа, Он не приведува кон Оца преку Светиот Дух.

Светлино тивка на светата слава на Оца бесмртниот,
Небесен, Свет, Влажен, Исусе Христе.
Дојденидо залезотна сонцето, гледајќи ја вечерната светлина,
Го славиме Бога Оца, Сина и Светиот Дух.
Достоен Си во сите времињада бидеш пеан со преподобни гласови.
Сине Божји. Којживот даваш, Затоа светот те слави!
(Свете тихиј — една од најстарите молитви на Црквата)

Оваа молитва не повикува да и се поклонуваме на Светата Троица преку Христа, Светлината на светот, Светлина што ја дава совршената радост. Доаѓаме до залезот на сонцето, дојдени сме до крајот на времињата; сонцето ќе мине, еден ден ќе престане да светли (како што не учат Светото писмо и астрономијата), но вистинската Светлина, Божјата Светлина не ќе има крај. Во Христа ја гледаме Светлината која вечно ќе не осветлува при Второто Доаѓање: „Во Твојата Светлина, ќе ја видиме Светлината" (Псалм 35, 10 и Големо славословие). Свети Василиј во една проповед на Преображение учи дека овој празник е праслика (антиципација), предвидување на второто и славно Доаѓање.
Во едно писмо до учениците, свети Петар си спомнува за Христа преобразен што Го видел со свои очи на Тавор. Апостолот ги подготвува своите браќа и нас самите да ја при-миме Светлината на Денот, која не заоѓа: „Додека денот осамне иДеницата засвети во срцата ваши" (2 Петрова 1,19).

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/