Отците рекле дека човекот спечалува Бо-жји страв ако се потсетува на смртта, ако се потсетува на маките, ако секоја вечер се преиспитува себеси како го поминал денот и секое утро -како ја поминал ноќта и, ако се наоѓа во блиско општење со човек кој се бои од Бога. Еден брат го запрашал некој старец: „Што да правам, оче, за да се плашам од Бога?" Старецот му одгово-рил: „Оди да живееш со човек кој се плаши од Бога, па тој, со самото тоа што тој живее во Божји страв, ќе те научи како и ти да се боиш од Бога". Божјиот страв од себе го одгонуваме, пр-во, со тоа што го правиме она што му е спроти-вно: немаме ни потсетување на смртта, ни потсетување на маките; второ, не се вардиме себеси и не се преиспитуваме на кој начин го поминуваме времето, туку живееме во немарливост и општиме со луѓе кои немаат Божји страв; трето, не се вардиме од безобѕирност, а тоа е најлошо; тоа води во потполна погибел, бидејќи ништо од душата толку не го оддалечува Божјиот страв како безобѕриноста. Кога го запрашале авва Агатон за безобѕирноста, тој одговорил: „Таа личи на силен врел ветар од што кога тој ќе почне да дува сите бегаат и што симнува секој плод од дрвото". А кога пак го запрашале: „Зар е можно безобѕирноста да е толку штетна?", тој одговорил: „Нема страст од која е поголема штетата отколку од безобѕирноста, бидејќи таа е мајка на сите страсти". Кога Бог ги давал заповедите на законот, им заповедал на Израилевите синови да ги чуваат со трепет (III Мој. 15:31), бидејќи без трепетно почитување на светињата и без срам човекот не Го почитува ниту Бога и не исполнува ниедна Господова заповед.

sv.Maksim.Ispoved.jpg

Свети Максим Исповедник

Откако го запознавме Божјиот страв и Неговата добрина и човекољубие, и тоа како од Стариот така и од Новиот завет, да Му се обратиме на Господа со сето наше срце. И зошто би пропаѓале, браќа? Да ги очистиме нашите грешни раце, да ги исправиме нашите дводушни срца, да се натажиме, да се смириме и да заплачеме заради нашите гревови. Да престанеме со своите лоши дела; да се предадеме на Господовата милост, да се исплашиме од Неговите закани и да се обврземе дека ќе ги пазиме Неговите заповеди. Да се возљубиме едни со други од се срце и да им кажеме на оние кои не мразат и кои не изложу-ваат на потсмев: вие сте наши браќа - за да се прослави името Господово. Да си простуваме едни на други кога едните ги наведуваме другите во искушенија, бидејќи со сите нас војува нашиот заеднички непријател. Да им се спротивставиме на нашите лоши мисли, повикувајќи Го Бога како помошник во нашето војување и со тоа да ги изгониме од нас лошите и нечисти духови. Да го потчиниме телото на духот, умртвувајќи го и скротувајќи секакви лоши страдања. Да се очи-стиме од секаква нечистотија на телото и на духот. Да се поттикнуваме едни со други на растење во љубовта и во добри дела. Да не им завидуваме на другите и да не се раздразнуваме против оние кои ни завидуваат. Да сострадаме едни со други и со смиреноумие да се лекуваме едни со други. Да не се осудуваме и да не се исмејуваме едни со други, бидејќи сме делови едните на другите. Да ги отфрлуваме од нас мрзеливоста и не-марливоста и машки да се подвизуваме против злите духови. Пред Отецот имаме Застапник -Исус Христос, Праведникот и Он е очистување за нашите гревови: да Му се помолиме од чисто срце, од сета душа, и Он ќе ни ги прости нашите гревови. Бидејќи „близу е Господ до сите, кои го признаваат, до сите кои вистински Го признаваат" (Пс. 144:18). Затоа се говори: „Принеси му на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои упатувај Му ги; и повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам и ти ќе Ме прославиш" (Пс. 49:14-15). Кога ќе раскинеме секоја поврзаност со неправдата и кога ќе стекнеме расположение да му правиме со целата душа добро на ближниот, тогаш ќе бидеме осветлени со светлина на знаење, ќе се ослободиме од стравот на бесчестието, ќе се исполниме со секоја добродетел, светлината на славата Божја ќе не осветли и ќе се избавиме од секакво незнаење; молејќи Му се на Христа, ќе бидеме услишени и секогаш Бога ќе го имаме со себе и ќе се исполнуваме со божествени стремежи.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  •  Свети Ефрем Сириски - ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА 

  • Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА 

  • Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ 

  • Св. Филарет Московски - ПРИКАЗНАТА ЗА МИТАРОТ

  • Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД

  •  

     


  •