sv.Jov.Zlatoust.jpg

ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ

 sv.Jov.Zlatoust.jpg

Оној кој е потполно исполнет со доброде-тели, не се раководи со страв од казна или со желба да го добие Царството, туку да го добие самиот Христос. Ние ќе мислиме и за добрините во Царството и за мачењата во адот. На тој начин исправно ќе се образуваме и ќе се воспитуваме, односно така себеси ќе се поттикнуваме на исполнување на она што сме должни да го испол-нуваме. Во сегашниот век, кога ќе забележиш нешто добро и големо, помисли на небесното Царство, па ќе се увериш колку е ништожно тоа што си го видел. Ке видиш ли нешто страшно, помисли на адот, па и самиот на ова ќе му се сме-еш. Ако тој страв од овдешните закони толку моќно не сопира да не правиме злосторства, кол-ку помоќен е стравот од Вечниот Цар! Тогаш, на кој начин можеме непрестајно да го поттикнува-ме тој страв во себе? Со постојано внимавање на зборовите на Писмото. Кога постојано би мислеле на адот, побрзо би се плашеле од него. Впрочем, заради ова и Бог ни се заканува со казна. Размислувањето за адот да не би ни носело толку полза Бог не би ни изрекол таква закана; ама, бидејќи сеќавањето на адот може да придонесе за вредно исполнување на делата што сме должни да ги правиме, Он, како некој спасо-носен лек ја всадил во нашите души помислата за него, што предизвикува ужас кај нас. Разговорот за пријатните работи не и донесува ни најмала полза на нашата душа, спротивно, ја ослабува, додека разговорите за тажните и тешките рабо-ти ја пресекуваат секоја расеаност и млитавост, ја обраќаат душата на патот кон вистината и ја воздржуваат дури и тогаш, кога таа ќе се предаде на немоќта. Кој се занимава со туѓите дела и е љубопитен да дознае се за нив, честопати преку тоа љубопитство се изложува на опасност. Од друга страна, оној кој зборува за адот не се изло-жува на никаква опасност, а својата душа ја исполнува со поголема целомудреност. Не е мо-жно, ако душата е постојано преокупирана со мисли за адот, брзо до погреши. Затоа, послушај ја оваа поука: „Во сите твои работи спомнувај си за твојот крај и никогаш нема за згрешиш" (Сирах. 7:9). Бидејќи, откако стравот ќе се утвр-ди во нашиот ум, нема во него место за нешто од овој свет. Ако зборот за адот што не преокупира само одвреме-навреме, толку не смирува и не скротува, не ја очистува ли душата помислата за него, што постојано престојува во неа, подобро од секаков оган? Нема, значи, толку да си споме-нуваме за небесното Царство, колку на адот, би-дејќи стравот има поголема сила на делување врз нас отколку ветувањата. Ако Ниневјаните се ис-плашиле од пропаст, не би се сурнале во пропа-ста; современиците на Ное да се исплашиле од потопот, не би загинале во потопот; и Содомците да се исплашиле, не би биле истребени со огнот. Кој ја омаловажува заканата, набрзо од искуство ги запознава нејзините последици. Разговорите за адот ги прават нашите души почисти од било какво сребро.
Нашата душа наликува на восок. Ако во-диш студени разговори, ќе ја направиш тврда и скаменета; од огнените зборови таа ќе омекне. А ако ја омекнеш, ќе можеш да и дадеш изглед она-ков каков што сакаш и ќе можеш на неа да и вти-снеш царски лик. Затоа, нашиот слух да го огра-диме од празни разговори, бидејќи тие се мало зло. Да го имаме пред очи адот, да помислуваме на оваа неизбежна казна за да го избегнеме зло-то, да стекнеме добродетел и да се удостоиме да го добиеме ветеното добро на оние коишто Го љубат, со благодатта и човекољубието на Госпо-да Бога и Спасителот наш Исус Христос, на Кого нека му е вечна славата. Амин.

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  •  Свети Ефрем Сириски - ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА 

  • Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА 

     

  •