sv.Maksim.Ispovednik.jpg

 

Свети Максим Исповедник

Почеток и крај на спасението на секој чо-век е премудроста, која прво го раѓа стравот, а потоа, откако ќе се усоврши, при крајот ја раѓа љубовта. Или, подобро речено, таа сама од вни-мание претставува страв, како би го задржувала човекот од злото, за при крајот самата од себе природно да се покаже како љубов, исполнувајќи ги со духовна радост оние кои во сожителство со неа го замениле поседувањето на сите видливи добрини.


Свети Теодор Едески

Вистинската и длабоко вкоренетата вера раѓа страв Божји; а стравот Божји не учи да ги пазиме заповедите, бидејќи каде што има страв таму е и пазењето на заповедите; а во пазењето на заповедите се состои делотворната добродетел што претставува почеток на размислување-то; плод на сето тоа е бестрашноста; преку него во нас се вселува љубовта; а за љубовта, љубени-от ученик кажува: „БОГ е љубов, и кој пребива во љубовта, во Бога пребива, и БОГ во него" (I Јн. 4:16).


Од древниот „Патерик"

Авва Јаков рекол: „Како што свеќникот ја осветлува темната одаја, така и стравот Божји, кога ќе се насели во срцето, го просветува чове-кот и го учи на сите добродетели и Божји запо-веди.
Авва Петар говорел: „Кога го прашував И-саија што е Божји страв, ми одговори: човекот кој се надева во било кого а не во Бога, нема во себе страв Божји. Кога гревот го зафаќа чове-чкото срце, тоа значи дека во него уште нема страв Божји". И уште рекол: „Оној кој стекнал Божји страв има полнота на добрини, бидејќи стравот Божји го спасува човекот од гревот.


**

Некој брат го запрашал старецот: „Зошто авва, моето срце е толку сурово што не се пла-шам од Бога?" Старецот му одговорил: „Мислам дека кога човекот во своето срце го прима обли-кот на самиот себе, тој добива страв Божји". Братот го запрашал: „Во што се состои тоа разо-бличување?" Старецот одговорил: „Во тоа што човекот за секоја постапка ја разобличува своја-та душа говорејќи си самиот на себеси: спомнувај си дека мораш да излезеш пред Бога". И уште: „Што сакам за себе ако живеам со човекот (а не со Бога)? Според тоа, мислам дека во него, ако го пази самообликувањето, ќе се насели стравот Божји".

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  •  

     

  •