sv.Jovan.Kasijan.jpg

Преподобен Јован Касијан

„Почетокот и оградата на нашето спасение е стравот Господов". Бидејќи од него зависи, и почетокот на обраќањето, и очистувањето од по-роците, и зачувување на добродетелите кај оние кои со нив се раководат на патот кон совршен-ството. Тој страв, продирајќи во човечката душа, предизвикува одбивност кон световните работи, тера да се заборави целиот свет и одвраќање од секое стекнување и со неговото напуштање се добива смирение што се пројавува во следните црти: човекот кој го поседува, прво, ја усмртува својата волја; второ, не само делата, туку и сво-ите помисли ги открива на својот старец не скривајќи ништо; трето, се прави според расудувањето на старецот и ништо не прави по свое, и, жеден за неговите поуки, со радост ги слуша; четврто, во се пази послушание, кроткост, постојаност во трпението; петто, не само што никого не навредува, туку ни за навредите што му се нанесенине бара задоволување и не се растажува заради нив; шесто, не прави ништо што не е во согла-сност со правилата што важат за сите, ниту наоѓа потврда во примерот на мнозинството; седмо, за-доволен со секаква положба, колку и да била понижувачка и се што ќе му се рече, го исполнува како беден и недостоен слуга; осмо, не само на зборови, туку и со искрено расположение на срцето, себе се смета за полош од сите; деветто, го зауздува својот јазик и не зборува гласно; десетто, не се оддава на лесномислена смеа. Еве кои се одликите според кои се препознава вистинското смирение! Тоа брзо ќе те доведе до љубовта во која нема страв и со која, заради тоа што си восхитен, она истото што порано си го правел по стравот од казната, сега ќе почнеш да го правиш без труд, како нешто природно, и тоа веќе не од страв од казна, туку од љубов кон доброто и насладување со добродетелите.

Dobriot.pastir.jpg

 ВО НАША ВЛАСТ Е ДАЛИ ЌЕ СМЕ ПОД БЛАГОДАТТА НА ЕВАНГЕЛИЕТО ИЛИ ПОД СТРАВОТ НА МОЈСЕЕВИОТ ЗАКОН


Преподобен Јован Касијан

sv.Jovan.Kasijan.jpgВо наша власт е дали ќе се наоѓаме под благодатта на евангелието или под стравот на законот. Бидејќи се она што се прави неминовно во природата, застанува кон едната или кон другата страна. Оние кои се над законот, примаат благодат Христова, додека оние кои се под него, зако-нот ги задржува како свои должници и обврзани-ци. Бидејќи оној кој е виновен против заповедите на законот, никако не може да достигне евангелско совршенство, макар и да се фали дека е христијанин и дека е ослободен со Божја благодат: но тоа му е залудно. Бидејќи за обврзаник на законот треба да се смета не само оној кој одбива да ги исполнува заповедите на законот, туку и оној кој се задоволува со одржување на наредбите на законот и воопшто донесува плодови достојни на Христовата благодат и христијанското име, за кој не важи наредбата: „Таму принесувајте ги своите сепаленици, жртвите ваши и првините ваши" (5 Мој.12:6), туку „...оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!"(Мт. 19:21). Притоа, заради величественоста на совр-шенството на ученикот кој се обраќа кон Христа, не се допушта ни за кратко време да се оддели од Него за да го погребе својот татко, туку обврската на човечката љубов не се смета за рамна или позначајна од добродетелта на љубовта кон Бога (Лк. 9:5962).

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  •