Авва Доротеј

Речено е: „Почеток на мудроста е стравот Господов" (Изрек. 1;7) и уште: „Стравот Божји е почеток и крај" (Мудр. Сир. 1:15;18). Со почеток е наречен почетниот страв по кој што следува со-вршениот страв на светиите. Почетниот страв е својствен на нашата душевна состојба. Тој ја пази душата од секое зло како што посебната покри-вка го штити бакарот, бидејќи е речено: „Стра-вот Господов е извор на животот, извор што од-далечува од мрежите на смртта" (Изрек. 14:27). И така, ако некој се трга од злото заради страв од казна, како слугата кој се бои од својот госпо-дар, тој доаѓа до тоа, доброволно да прави добри-на и започнува како наемник, постепено да се на-дева на некаква награда затоа што правел добри-ни. Бидејќи кога тој постојано го избегнува зло-то, како што рековме, раководен од стравот ка-ко роб и правел добрини надевајќи се на награда' како наемник, тој, престојувајќи според благо-датта Божја во доброто, и соединувајќи се со Бога сразмерно на тоа, ќе го почувствува вкусот на доброто, и ќе почне да разбира во што е вистин-ското добро и повеќе нема да сака од него да се одделува. Бидејќи, кој таквиот ќе го „оддели од љубовта Божја" (Рим. 8:35)? - како што вели а-постолот. Тој тогаш се здобива со достоинство на син и го љубов.

КАКО ДА СЕ РАЗЛИКУВААТ РАЗНИТЕ ВИДОВИ СТРАВ

Авва Доротеј

Учејќи не да ги разликуваме едниот страв од другиот, пророкот говори: „Дојдете, чеда, по-слушајте ме; на страв Господов ќе ве научам. Кој е човекот кој Го сака животот, кој љуби да види добри денови!" (Пс. 34:11-12). Он најпрво вели: „Цојдете", повикувајќи не на добродетел и потоа додава и „чеда". „Свети чеда" ги нареку-ваат оние кои со нивните зборови преминуваат од грев кон добродетел. Потоа, повикувајќи не и подготвувајќи не за таквото наше преминување, он вели: „На страв Господов ќе ве научам". Понатаму, како да го слушнал од некого одгово-рот: „да, сакам, научи ме како да живеам и да видам добри денови", тој почнува да поучува, говорејќи: „Воздржи го својот јазик од зло, и твојата уста да не зборува лага". Значи, Он, пред се, со Божјиот страв ги отстранува деловите на злото. Да се отстрани својот јазик од злото, зна-чи со ништо да не се ранува совеста на својот ближен, да не се зборува злобно, да не се раздразнува. А да се воздржува устата да не каже лага, значи да не се мами ближниот. Потоа пророкот додава: „ Отстрани се од злото", односно „избе-гнувај секакво зло, тргни се од секакво дело што води кон гревот". Откако го рекол тоа, тој пак не застанува, туку додава: „и прави добрини".
Имено, се случува некој да не прави зло, но да не прави ниту добро; или некој да не нанесува навреди, но не покажува ниту милост; трет, пак, не мрази, ама не ни сака. Со стравот Божји про-рокот не учи да се оддалечуваме од злото и дури тогаш заповеда да започнеме со правење добри-ни.
Откако го изложил тоа толку добро и по-стапно, тој продолжува: „Барај мир и оди според него". Не вели само: „барај", туку со сите сили стреми се кон него за да го достигнеш. Кога не-кој ќе се удостои да се оттргне од злото и по-доцна ќе се потруди со Божја помош да прави до-бро, против него веднаш се подигнуваат неприја-телски војски. Тој се подвизува, се труди, се сми-рува, плашејќи се, не само повторно да не се вра-ти на злото како што рековме за слугата, туку и се надева, како што веќе беше споменато, на награда за добрините слично на наемникот. На тој начин, трпејќи ги нападите од непријателите, борејќи се со нив и спротивставувајќи им се, тој прави добро со голема внатрешна тешкотија, со големо напрегнување. Меѓутоа, кога ќе добие помош од Бога и кога ќе се здобие со некоја на-вика во поглед на доброто, тогаш тој гледа смирение, тогаш тој има вкус на мир, тогаш тој чув ствува што значи тагата на борбата а што е ра дост и веселие на мирот.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

 

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ОНОЈ КОЈ СЕ РАКОВОДИ СО СТРАВ ИЛИ СО ЖЕЛБА ЗА НАГРАДА, НЕ Е СЛОБОДЕН ОД НАПАДИТЕ НА ПОРОЦИТЕ
  • ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ
  • Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ
  • ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ
  • ВИДОВИ СТРАВ
  • СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
  • ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ
  • ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
  • ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ