Во љубовта страв нема,а совршената љубов Го пади стравот, бидејќи стравот има мака. а кој се бои, не е совршен    во љубовта."

(I Јн. 4:18).


Блажен Теофилакт Охридски

Бог е светлина и Неговите светии, како што вели евангелието, се светлина на светот (Мт. 5:14), и туѓ им е стравот во кој има маки, за-тоа што се исполнети со љубов кон Бога. „Са-кам, вели апостолот, да се усовршите во љубо-вта, во денот на Судот да имаме сигурност пред Бога, бидејќи Он е Судија, според Неговите збо-рови: „Отецот не суди никого, но целиот суд Му Го предаде на Синот" (Јн. 5:22). Како што Он беше во светот непорочен и чист, заради што зборуваше: „...оти иде кнезот од овој свет и во Мене тој нема ништо" (Јн. 14:30), така и ние ќе бидеме во Бога и Бог ќе биде во нас. Ако е Он учител и дародавец на нашата чистота, должни причи сме Неговото име во светот да го носиме чисто и непорочно, секогаш носејќи го на телото Него вото умирање (2. Кор. 4:10). Ако вака живееме, ќе имаме слобода пред Него и ќе бидеме ослободени од секаков страв. Бидејќи, откако со добрите дела ќе достигнеме совршенство во љубовта, ќе бидеме далеку од стравот. Како потврда на тоа, апостолот додава: „Совршената љубов го из гонува стравот". А каков страв? Тој самиот ка жува дека тоа е стравот во кој има мачење. Бидејќи некој може да се сака и заради стравот од казната, но таквиот страв не е совршен, односно не е својствен на совршената љубов. Кажувајќи го тоа за совршената љубов, апостолот вели дека сме должни да Го љубиме Бога затоа што Он претходно нас не сакал и како што Он порано ни направил добрина, така и дотолку поусрдно сме должни да се поттикнуваме себеси да возвратиме за таа добрина. Тргнувајќи од зборовите на Дави-да: „ Бојте се од Господа сите праведници Него-ви зашто ништо нема да им недостасува на о-ние кои се плашат од Него" (Пс. 33:9). Некои ќе прашаат: „Како сега Јован кажува дека соврше-ната љубов го пади стравот? Зар е можно пра-ведниците Божји толку да не се совршени во љу-бовта, па им се дава заповед да се плашат?" Ке одговориме: „Стравот може да биде двоен. Еден е оној на почетокот на духовниот пат и тој е из-мешан со мачење. Човек кој направил лоши де-
ла, кон Бога пристапува со страв и Му приоѓа од причина да не биде казнет. Тоа е почетнички страв.
Вториот страв е оној совршениот. Тој страв е слободен од плашливост, заради што и се наре-кува чист и кажува дека тој останува вечно" (Пс. 19:9). Каков е тој страв и зошто тој е совршен? Затоа што оној кој во себе го носи е потполно восхитен од љубовта и со сите сили се труди да не му недостасува ништо од она што човекот кој силно сака мора да го направи за оној кон кого е упатена неговата љубов.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

 ОНОЈ КОЈ СЕ РАКОВОДИ СО СТРАВ ИЛИ СО ЖЕЛБА ЗА НАГРАДА, НЕ Е СЛОБОДЕН ОД НАПАДИТЕ НА ПОРОЦИТЕ