Krst.vovoda2.jpg

ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

Свети Теодор Бдески

„...Бој се од Бога и пази ги Неговите заповеди", порачува проповедникот (Кн. Проп. 12:13). Вели, јас со неколку зборови ќе ти покажам во што се состои Божјиот пат: „Бој се од Бога и пази ги Неговите заповеди". Овде не е предвиден почетничкиот страв во којшто има тешкотија, туку совршениот страв што го гради совршенството, а што сме должни во себе да го носиме од љубов кон Оној Кој ги дал заповедите. Бидејќи, ако само од страв од казна не правиме гревови, јасно е дека, доколку не сме очекувале да не стасаат тие ужаси, имајќи грешнољубиво на-строение, сепак би ги правеле без застанувања. Меѓутоа, доколку од гревовите не се воздржуваме заради стравот од казна туку заради тоа што гревовите ни се одвратни, тоа значи дека со нашите постапки раководи љубовта кон нашиот Владика, страв да не го разлутиме. Кога се плашиме да не занемариме нешто од она што ни е заповедано, таквиот страв е чист, бидејќи тој е предизвикан од самата добрина; таквиот страв ги очистува нашите души и според својата сила е ист како совршената љубов. Оној кој го има тој страв и кој, воден од него, ги пази заповедите: „бидејќи тоа е се на човекот", тој е прав, вистински човек, онаков каков што прилега на човечкото суштество. Со таков страв да се боиме од Бога и Неговите заповеди да ги пазиме „да бидеме совршени и потполни без секаков недостаток" (Јаков. 1:4), имајќи смирен ум и скрушено срце и непрестајно вознесувајќи ја кон Господа молитвата на свети Арсениј Велики: „Боже мој! Не оставај ме, бидејќи ништо добро не направив пред Тебе, туку дај ми според Твојата благодат да го поставам овој темел". Бидејќи сето наше спасение е во милоста и во Божјото човекољубие.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ