sv.Jovan.Kasijan.jpg

Преподобен Јован Касијан

Кој ќе се утврди на темелот на совршената љубов, неизоставно ќе се искачи на највисокиот степен од оној посебен страв што не се раѓа од страв од казна или заради желба за награда, туку што е плод на големата љубов. Тој е таков страв со кој синот се плаши од својот нежен и добар татко, или брат од братот, или пријател од пријателот, или сопругот од својата сопруга; овде не се плашиме од казна или од прекор, туку дури и од најмало ожалостување на љубовта, та постојано чувствуваме страв како да не ја изладиме топлината на љубовта што ја уживаме, не само со некоја постапка, туку дури и со некој збор. Еден од пророците, Исаија, многу добро ја претставил вредноста на овој страв, говорејќи: „Ке настанат твоите безопасни времиња, изобилно спасение, мудрост и знаење; стравот од Господа ќе биде твоето богатство" (Иса. 33:6).
Пророкот не можел поочигледно да ја из-рази вредноста и ползата од овој страв, туку со зборовите дека стравот Господов е богатството за нашето спасение што се состои во божествена премудрост и во разумот. На тој страв пророкот Давид ги повикува светиите, а не грешниците: „Бојте се од Господа сите Негови праведници за-што ништо нема да им недостига на оние кои се плашат од Него" (Пс. 33:9). За друг, мачен страв јасно говори апостол Јован: „...бидејќи стравот и-ма мака. Кој се бои, не е совршен во љубовта" (I Јн. 4:18). Според тоа, голема е разликата помеѓу оној страв на кој ништо не му недостасува, кој претставува богатство на премудрост и на разу-мот, и оној несовршен страв што се нарекува по-четок на премудроста (Пс. 111,10) и кој во себе содржи мачење, но по достигнувањето на полно-тата на љубовта се изгонува од срцата на совр-шените.
„Во љубовта нема страв, а совршената љу-бов го пади стравот" (I Јн. 4:18). Навистина, ако стравот претставува почеток на премудроста, то-гаш во што ќе се состои нејзиното совршенство, ако не во љубовта кон Христа, која, бидејќи во себе го содржи стравот на совршената љубов, по-веќе се нарекува почеток отколку богатство на премудрост и на разум. Така, постојат два степе-на на страв: едниот е својствен за почетниците, односно за оние кои уште се наоѓаат под јаремот на ропскиот страв, за кој пророкот вели: „Слуга-та го почитува својот господар" (Малах. 1:6), а за што се говори и во евангелието: „Не ве нареку-вам веќе слуги, зашто слугата не знае што работи господарот..." (Јн. 15:15), додавајќи: „А робот не останува секогаш дома" (Јн. 8:35). Спасителот не поттикнува од состојба на мачен страв да преминеме во состојба на потполна слобода, љубов и решителност пред Бога каква што имаат прија-телите и Неговите чеда.

„И МИРИСОТ ЌЕ МУ БИДЕ ВО СТРАВ БОЖЈИ"

Преподобен Јован Касијан

Објаснувајќи ја седмобројната благодат на Светиот Дух што требало да слегне врз Синот Божји, пророкот вели: „Ќе почива врз Него Дух Господов, дух на премудрост и разум, дух на совест и крепост, дух на знаење и благочестивост..." и како нешто посебно додава: „и мирисот ќе Му биде во стравот Господов" (Иса. 11:2-3). Овде посебно треба да се обрати внимание дека пророкот не рекол: „И врз Него ќе почива Духот на стравот Божји, како што говорел за претходните дарови, туку вели: „И мирисот ќе Му биде во страв Божји". Бидејќи овој Дух е толку преизобилен, дека, ако еднаш го обземе некого со сета своја сила, тој успева да завладее со целата негова душа, а не само со еден нејзин дел. Така и мора да биде зашто стравот соединет со љубовта, што „никогаш не престанува" не само што го исполнува оној со кого завладеал, туку уште и непрестајно во него престојува, не се одделува од него, не се смалува заради никакви привремени задоволства и радости како што некојпат станува со оној страв што ја истерува љубовта. Затоа тој страв, со кој, како што веќе е речено, бил исполнет Богочовекот Кој дошол не само да го искупи човечкиот род туку и да го покаже мерилото на совршенството и да даде пример на сите добрини е страв на совршенството. Ропски страв во кој-што има мачење не можел да има Синот Божји. „Кој грев не направил, ниту се најде прелест во Неговата уста" (I Петр. 2:22).

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ